17 Декември, 2025
0.0402

Црвен аларм ја подигна Словенија на нозе: Се подготвува големо невреме!

Објавено во: Балкан 06 Ноември, 2014 14:09

Добивај вести на Viber

Словенската агенција за средина прогласи денеска „црвен аларм“, највисок степен на предупредување поради опасност од природни катастрофи, за западните и јужните делови од државата.

Алармот важи од денеска, кога се најавуваат силни дождови. Предупредувањето важи за наредните три дена, а се очекува дека невремето ќе престане во саботата наутро.

Дежурниот метеоролог Бране Гергорчиќ изјавил за словенските медиуми дека се предвидува најмногу дождови да паднат во јужните, западните и централните делови од земјата.

Според оценките на хидрологот, во поедини делови од земјата може да се очекуваат и до 100 литри дожд по метар квадратен, а на некои места и до 300 литри по  метар квадратен.

Поради тоа цивилната заштита во загрозените подрачја е повикана да биде во состојба на подготовка, меѓу останатите и во Љубљана, чии делови поради јаките дождови кон крајот на август беа под вода.

Според најавите на метеоролозите, најмногу тешкотии поради надојдените води би можеле да има на западот од земјата, по долината на реката Соча, Нова Горица и Река.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата