Црвениот крст на Македонија и Жито Лукс со хуманитарна акција „Подарено од срце“ по повод Светскиот ден на лебот – 16 октомври
Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2025 11:07
По повод Светскиот ден на лебот, 16 октомври, Црвениот крст на Македонија, во соработка со Жито Лукс, најголемиот производител на леб и брашно во земјата, ја спроведува хуманитарната акција „Подарено од срце“, со која ќе бидат донирани околу 8.000 лебови за најранливите категории граѓани низ целата држава.
Во текот на оваа недела преку дистрибутивната мрежа на Жито Лукс која ја покрива територијата на целата држава, во 15 регионалницентри на Црвениот крстбеа доставени по 500 лебови.
Со оваа заедничка иницијатива, Црвениот крст и Жито Лукс ја потврдуваат својата посветеност кон хуманоста и поддршката на граѓаните кои се соочуваат со социјални и економски предизвици.

„Во Жито Лукс веруваме дека лебот не е само основна животна намирница, туку симбол на споделување, човечност и заедништво. По повод Светскиот ден на лебот, сакаме да дадеме конкретен придонес во борбата против гладта и да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. Нашата долгогодишна соработка со Црвениот крст е доказ дека заедно можеме да направиме вистинска промена,“ – велат од Жито Лукс.
Акцијата „Подарено од срце“ е дел од континуираните активности на Жито Лукс за поддршка на ранливите групи во општеството како потсетник дека солидарноста и заедништвото се клучни вредности кога станува збор за грижата за оние на кои им е најпотребна.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





