05 Декември, 2025
0.0845

Cтартуваше проектот „Да одгледуваме повеќе пченка“

Објавено во: Агробизнис 03 Октомври, 2013 13:57

Добивај вести на Viber

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси денеска симболично го одбележа почетокот на жетвата на пченка во Пелагонија, каде што оваа сезона, со негова помош и преку иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“, земјоделците имаат постигнато рекордни приноси. Првата фаза на иницијативата започна во мај, и се состоеше од финансирање и монтажа на системи за наводнување капка-по-капка, како и од програми за обука со цел 40 земјоделци од Полог и Пелагонија подетално да се запознаат со иновативните земјоделски практики. По успешната сезоната, сите земјоделци кои учествуваа во Иницијативата ги имаат зголемено приносите на зрно од пченка за 26 проценти и на силажа (добиточна храна составена од стебла и листови на пченка) за 53 проценти. Во 2014 година иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ ќе премине во втората фаза и преку инвестирање во системи за наводнување капка-по-капка и користење на иновативни земјоделски практики, ќе помогне на уште повеќе земјоделци од Полог и Пелагонија да станат конкурентни мали бизниси. Преку модернизацијата на производството на пченка во Македонија ќе се зголемат приходите на малите и средните земјоделски бизниси, но ќе се зголеми и вредноста на поврзаните индустрии кои зависат од пченката, како што се млекопроизводството и живинарството.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?