Д-р. Ален Ѓорѓиев за Фактор: Неколку пати се случило меѓу 30-тина празни боци, да има и 2-3 полни со кислород, дали е намерно или по грешка инспекцијата ќе утврди
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2020
Директорот на
Клиничката болница во Штип денеска за Фактор изјави дека постојано се на удар на
сериозни критики од страна на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, среде епидемија, како
што вели, кога и кадарот е преморен и кога со сите сили се обидуваат да дадат соодветна
нега и лекување за сите пациенти.
-Во Клиничката болница во Штип, до сега неколку пати се има случено дел од персоналот, со празните боци за кислород, да изнесе и полни. Меѓу 30-тина празни, се има случено да се најдат и и 2-3 полни боци со кислород. Персоналот ги изнесува долу пред инфективното одделение, односно пред вратата, каде што чека камионот кој ги носи боците за да ги наполни и да ги врати повторно полни. Дали станува збор за грешка, дали е намерно или ненамерно, ќе утврдува инспекција, вели во изјава за Фактор, д-р. Ѓорѓиев.
На ваквите случувања реагира и штипската јавност. Дел од граѓаните со кои поразговара Фактор велат дека ако тоа навистина се случувало намерно во Штипската клиничка болница, каде што секојдневно пристигнуваат голем број пациенти со тешка клиничка слика, тогаш според нив, ваквите постапки се еднакви на убиства.
Во однос на бројот на хоспитализациите, директорот Ѓорѓиев вели дека состојбата е менлива. Наутро испишуваат одредена бројка пациенти, а во текот на денот примаат нови, но во моментов е полно.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.