18 Декември, 2025
0.0417

Д-р. Докиќ: Потстивнува налетот на пациенти на кои им треба хоспитализација

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2020 13:11

Добивај вести на Viber

Доктор Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија, во Студио 10 на ТВ24 рече дека јавноста не треба да се плаши дека ќе нема место во болниците, меѓу другото и затоа што динамиката на исполнување на капацитетите како да подзастанала. 

„Сметам дека јавноста не треба да се плаши дека нема да има место за сите. Од друга страна, динамиката нешто подзастана. Можам да ви кажам дека откога ја пуштивме новата Ковид болница на ТБЦ Институтот, според брзината на исполнувањето на местата, имаме веќе запирање на оној рапиден галоп, веќе нема толку многу секојдневно приеми колку што беше во изминатите две-три недели. Така што, очекувам дека со мерките кои стапија во сила, во наредните 15 ден постепено да се намалува притисокот на болните кои ќе бараат хоспитализација. А секако, во резерва се и 200 легла од другите клиники, така што сметам дека нема да дојде до колапс на здравствениот систем“, рече д-р. Докиќ.

Според него, проблем е што со позитивни тестови направени во приватни клиники во сопствен аранжман, а не преку матичен лекар, некои пациенти со такви резултати доаѓаат без упати и се мешаат со другите пациенти, знаејќи дека се позитивни. 

„Тие пациенти што се позитивни, ќе ги замолам да отидат во ковид клиниките, каде што постојат лекари кои ќе ги прегледаат и ќе проценат дали се за хоспитализација, а доколку не се, ќе бидат вратени дома во изилација“, нагласи тој.

Д-р. Докиќ вели дека се игнорираат симптомите, бидејќи и Ковид и грип се со слични симптоми, па не можат сами пациентите да разграничат. 

„Плазмата од заболени (ковалесцентни) се дава кај пациенти кои се во почетна фаза на болеста. Ремдесивир лекот не делува кај сите пациенти. Во потешки стадиуми, овој лек нема такви резултати. Нема лек за овој вирус. Најважен е имуниот одговор“ вели д-р. Докиќ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери