Д-р Ќурчиќ: Само брза комбинација од серолошки и молекуларни тестови дава реална слика во ковид пандемијата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Мај, 2020 19:19
Комбинација на серолошките и молекуларните тестови е најдобар начин да се направи детална анализа на состојбата со корона вирусот во земјата, смета микробиологот д-р Биљана Ќурчиќ. Тоа ќе прикаже најдобрата слика за тоа колкумина биле во контакт со вирусот додека се изготвуваат плановите за реален скрининг на населението по пикот на короната.
„Најважно да се направи комбинација од двата теста, прво за да се знае дали сте дошле во контакт со вирусот, второ да се знае во кој момент треба да се земе брис и трето согласно комбинацијата од резултати да се знае дали пациентот е инфективен за околината, колку време треба да седи дома и за колку време смее да се врати во нормалниот живот безбедно и за него и за целата околина. Само на тој начин можеме да се справиме со пандемијата и да ја запреме. Луѓето сами сакаат пред да излезат надвор и пред да се вратат во своите нормални животи, да си го знаат статусот и да си објаснат некои контакти и сами бараат да видат дали дошле во контакт со вирусот или не“, вели специјалист микробиолог од болницата „Аџибадем Систина“.
Олабавувањето на мерките кое го најавува Владата, односно можноста да се патува во странство и планирањето на годишните одмори, во голема мера ќе зависи од здравствениот статус на граѓаните.
„Веќе од минатата недела во нашата институција почна да се работи брз Пи-си-ар тест којшто е со иста сензитивност и со иста точност како и останатите молекуларни тестови, каде што резултатот се добива за еден час. Тој ќе биде идеален за сите оние кои што треба итно да патуваат и ќе ги направат двата теста, серолошкиот и брзиот, тој е брз само затоа што се даваат одеднаш резултати меѓутоа е на ниво комплетно на она што се работи во светот со молекуларните тестови“, вели доктор Ќурчиќ.
Изминатиот период во јавноста спорно беше чекањето со денови на резулатите од тестирањата во државните институции, односно времетраењето до терминот за да бидат тестирани.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





