Д-р. Костов: Ако се преполнат болниците, неизбежно е дел од ГОБ „8 Септември“ пак да биде пренаменет во Ковид-центар
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2020
Директорот на ГОБ
„8 Септември“, д-р. Христијан Костов, во денешната емисија на ТВ 24, „Студио 10„
изјави дека ако се преполнат болниците со пациенти болни од корона вирусот, тогаш
е неизбежно Градската општа болница да отвори дополнителни капацитети за
хоспитализација на заразените со тешка форма на болеста.
-Тое е многу нрпопуларно, сосема подеднакво и за медицинскиот кадар, но и за граѓаните кои не се зареазени од вирусот, а кои имаат итна потреба од хирусрши интервенции, како и хоспиталиозации по друга основа. Во ГОБ „8 Септември“, има огромен број хирурзи кои изминатите месеци имаа крајно намален капацитет на работа, поради тоа што болницата беше најголемиот Ковид-центар во Македонија. Во еден момент имаше дури и 185 пациенти, истакна директорот Костов.
Сепак, како што рече, ако дојдеме како држава до степен кога има огромен наплив на пациенти, со одлука на Влада, оваа болничка установа целосно подготвена ќе прима болни од вирусот.
-Искрено сметам дека во нашето здравство има голем број објекти кои може да се пренаменат во Ковид-центи, но главниот проблем е во недостигот на медицински кадар. Секако дбро функционира и досегашниот систем на ротации, бидејќи целта е да не дојде до премореност на персоналот, рече д-р. Костов.
Истовремнено истакна дека повеќе нема кластери, вирусот е раширен насекаде и не само кај нас, туку воопшто и во Европа. Во многу од земјите, како што рече, има многу построги рестриктивни мерки и воведен е полициски час.
-Ако сакаме да имаме на некој начин, колку толку нормален живот, да функционираат бизнисите, општествениот, социјалниот живот, мора да се запамти дека мерките кои се однесуваат на носење маска, одржување растојание, хигиена, односно дезинфекција на рацете, неопходно е целосно да се почитуваат. Со оваа болест ќе живееме уште некој период, а олеснителна околност е што ја очекуваме вакцината, но дотогаш кон овие најопшти мерки мора најревносно да се придржуваме. Само така ќе нема потреба од оние други непопуларни мерки, нма пример, полицискиот час.
Во моментов, вели д-р. Костов, најмногу на удар се помладите, но појаснува дека во најголем процент се асимптоматски или болеста кај нив е со благи симптоми. Но, загрижува фактот, што таквите случаи се најопасни за околината, па доколку заразат луже со барем еден коморбидитет, тогаш вирусот таквите организми ги напаѓа многу поагресивно, болеста се развива со најтрешка клиничка слика, и дури и по излекувањето имаат сериозни и тешки последици. Затоа ние лекарите постојано апелираме, штити се себе, за да ги заштитиш и другите, рече д-р. Костов во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ 24.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.