Д-Р МИЛЕНА СТЕВАНОВИЌ – ГРИПОТ Е СЕРИОЗНО ЗАБОЛУВАЊЕ, ДОСЕГА ПОЧИНАА ШЕСТ ПАЦИЕНТИ: Комисијата препорача и забрана на посетите во болниците
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2024
Поради се
поголемиот број на случаи на грип во земјава, Комисијата за заразни болести
освен што препорачува задолжително носење на маските во здравствените установи
и во домовите за стари лица, даде и препорака за забрана на посетите во
болниците.
Бројот на заболени од грип го надминува и бројот на заразени со ковид.
Според претседателот на Комисијата, д-р Александар Петличковски, влезени сме во сезоната на инфлуенца и како што рече бројот на заболени е повисок и во споредба со минатата недела, но споредба со просечниот број на заболени во изминатите сезони на грип во поседните 13 години.
-Повторно треба да размислуваме за заштита на поранливите групи граѓани, пред се повозрасните и ги повикуваме да се вакцинираат. Затоа препорачуваме задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица од страна на оние кои влегуваат, но и од страна на вработените. Исто така, препорачуваме и забрана на посетите во болниците. До општата популациа препорачуваме за совесно делување, да избегнуваат гужви, истакна д-р Петличковски.
За три недели има шест пациенти починати од грип, што според д-р Петичковски не е мала бројка. Станува збор за пациенти од 24 до 65 кои не се вакцинирани против грип. Речиси сите се со други придружни заболувања, коморбидитети, заради што, тој повторно апелираше на вакцинација која е најдобрата заштита.
Директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ информираше дека од компликации на грип починала релативно помлада пациентка и истакна дека на Клиниката има од 60 до 100-тина прегледи дневно, што според неа е и очекувано.
-Она што сакам да го истакнам е дека грипот е сериозно заболување, последната пациентка што почина е релативно млада 45 – 46 години. За жал имаше низа коморбидитети, обезна и тоа е основно за развој на тешко заболување.
Инаку, на Клиниката за инфективни болести во моментов се хоспитализирани 7 пациенти, кај пет од нив е потвредн грипот, за останатите двајца се чекаат резултати.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.