Д-р. Милена Стевановиќ: Уште сега, но и во иднина ќе се соочуваме со многу пациенти кои ќе имаат сериозни компликации по прележан ковид
Објавено во: Македонија 12 Март, 2021 08:43
Професор Милена
Стевановиќ, директорката на Клиниката за инфективни болести во синоќешната
емисија на ТВ Телма проговори и за се позачестениот број на пациенти кои го
прележале корона вирусот, а сега се соочуваат со сериозни т.н. пост-ковид
компликации кои ги остава болеста.
-Постковид компликациите и кај децата и кај возрасните ќе бидат се почести. Колегите од кардиологија забележуваат се поголем број пациенти со сериозни акутни срцеви проблеми и тоа не кај толку возрасни пациенти кои го прележале вирусот асимптоматски или со прилично лесна форма на болеста. Што ќе следува понатаму, не знае ниту светската медицина засега. Верувам дека ќе имаме сериозна потреба од следење на постковид пациенти, можеби не веднаш 20-30 дена по прележување на болеста, но по подолг временски период, по неколку месеци, па дури и години, истакна професорката Стевановиќ.
Таа појасни дека станува збор за компликации и тоа од неколку здравствени аспекти.
-Верувам дека ќе имаме многу психијатриски, невролошки, и кардиоваскуларни заболувања, да не зборувам за последици на белиот дроб, фибрози, тоа го гледаме и во текот на самото лекување самата болест кај пациенти кои се со многу тешка клиничка слика. За жал, се уште не постои протокол како тоа ќе го организираме, како ќе ги следиме пациентите со постковид компликации, но ние и сега препорачуваме да се направи интернистички преглед по одредено време, откако еден пациент се изборил со корона вирусот, рече д-р. Стевановиќ
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




