Д-Р НИКО БЕЌАРОВСКИ: Не се согласувам дека причина за падот на бројките е колективниот имунитет, оптимист сум дека годинава може да се оди на одмор
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2021 10:42
„Пост-ковид синдромот има различни симптоми, последно се појави пост-ковидна мозочна магла, замагленост на видост, омалаксаност. Но има и пост-ковид вертиго, кај оние кои поминаа со полесна форма, манифестирана со вртоглавица. Кај дијабетичарите има дисрегулација на шеќерот. Два до три месеци по Ковид има намален број на сперматозоиди, не се знае вирусот кај ќе удри и прави дополнителни проблеми“, ова меѓу другото го изјави професор д-р. Нико Беќаровски од Институтот за токсикологија, за Студио 10 на ТВ 24.
Тој вели и дека хронично зависните од алкохолот и во текот на пандемијата не запреа со негово конзумирање.
Сепак, како што објаснува, на Клиника на токсикологија има намален број на млади луѓе, пред се поради рестриктивните мерки.
Инаку, како што нагласува д-р. Беќаровски, во земјава има околу 160.000 официјално регистрирани граѓани кои го прележаа вирусот, а уште толку има кои го прележале вирусот без да знаат. Така е и насекаде во светот, но и кај нас пост-ковидот бројката е висока. Но, тој не се согласува дека причина за падот на бројките е колективниот имунитет.
„Како што се зголемува бројот на вакцинирани, требаше да има постепен пад. За 7 дена кај нас има голем пад, тоа се должи на топлото време, според моето убедување. Британската мутација се појави зимоска и беше позаразна, толку е посклон овој сој во летните месеци да се загуби, а минатите денови имаше кај нас температури и над 30 степени. Оптимист сум дека може годинава да се оди на одмор“, изјави д-р Нико Беќаровски во гостувањето на телевизија 24.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




