18 Декември, 2025
0.0503

Д-р. Никола Пановски: Маските решение, или причината за ширење на вирусот, решение е само карантин

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2020 08:25

Добивај вести на Viber

Според еден од најпознатите микробиолози во земјава, проф. д-р. Никола Пановски, за да се намали во моментов трансмисијата на вирусот, единствено решение е карантин, односно ограничување на движењето на граѓаните, што ќе значи намалени контакти временски и бројно.

Неговиот став, професорот Пановски го пренесува во неговиот последен пост објавен на Фејсбук: 

-Државата си ги најде маските, па си ја префрли вината на народот тие се виновни не носеле маски: МАСКИТЕ па маските, а се виде дека единствена причина за зголемување на заболувањето се МАСКИТЕ. И јас прво мислев маските се решение, но како кажа СЗО тие се причината за ширење на зарзата. Прво даваат лажна сигурност, но и второ побитно тие се еден вид рибарска мрежа, па цел ден носење се негде ќе фати вирус, а кога тогаш вирусот-рипката ќе појде од мрежата во устата. Од кога се воведоја законски маските низ светот нагло има експлозија од КОВИД во топлиот октомври, а цело лето 7 месеци со кафани дискотеки беа далку помали бројки. ДАЈТЕ ДУРИ Е ВРЕМЕ ЕДЕН КАРАНТИН ДЕЛУВА ПСИХИЧКИ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ МЕРКИ, ДА НЕ СЕ ГРУПИРА, НАМЛИ КОНТАКТИТЕ БРОЈНО НО И ВРЕМЕНСКИ под 5 минути, ДА НЕ СЕ ОДИ НА ГОСТИ, ДА ИМА СТРАВ.... Вие само ја префрливте вината врз народот ги најдовте маските и сега народот е крив не носите маски дрн дрн јарина. Срамота е мала држава (не сме Италија Србија па огромноста не дава среденост ) да не знајте еден карантин ред поредок да напрајте за пазарење работа излегување. Си велам да беше магаломанот Груевски бројкиве ќе бидеа многу помали 50 дневно немаше да има заболени , СДСМ се татини миленичина фотељаши и не се за акција. Добро толку немате грижа на совест дека народот ве плаќа, плаќал здраство а вие си седите и со мајтап мерки џоа работите од 24 на 21 ги намалиле кафаните.... ДАЈТЕ КАРАНТИН СРЕДЕНИ ИЗЛЕГУВАЊА АЗБУЧНИ РЕДОВИ, ИЗЛЕГУВАЊЕ САМО СО САМОПОТПИШАНИ ДОЗВОЛИ, сега има парламент дајте максимум две просечниоплати да е палтата остатокот за кафанските работници, дајте да нема гости арно рековте 4, не можела полицијата да влегува, па нека и не влегува, ама ако има ѓурултија смее, е тогаш гледа и тие состојби, и сега не смее да влезе во дом но ако има тепачка влегува и состојбата се регистрира и се на совеста, ....мала држава сме срамота и греота е олку починати, пишува професорот Пановски.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија