20 Декември, 2025
0.2050

Д-Р ПАНОВСКИ: Пандемијата завршува, но многу луѓе се уште шетаат со по две маски и не одат на гости

Објавено во: Македонија 30 Април, 2022 18:27

Добивај вести на Viber

За Канал 5 Проф. Д-р Никола Пановски оценува дека кај нас таа веќе преминува во ендемија.

За Кина неговиот став е следен.

„Зависи од кој агол гледаме за да кажеме кој бил во право. Ако земеме колку тие имаат починати, немаат ни 5.000, а ние имаме над 7.000, тоа е од прилика 1.000 пати помалку починати.

„Замислете, она истото на почетокот што го правевме во Дебар, а се бараше и истото да се спроведе во Куманово, да се спроведуваше три години. Во државава ќе умреа многу повеќе од други работи, на пример од глад. Целосно да ги затворевме границите, може немаше да имаме сега 9.000, туку 90 починати, но голем број од граѓаните ќе избегаа преку граница, меѓу себе ќе се испотепавме. Тоа е невозможно, ние имаме избори па и 100 влади ќе паднеа. Тоа е тоа што во Европа не можеше да се изведе. По мое, сметам дека претераа.

Според Д-р Пановски, епидемиолошката крива е стабилна, но, вели веќе се навикнавме да живееме во страв, па сега за дел од граѓаните потребен е период на адаптација за да се вратат на она „старо нормално“ кое го живееле пред короната.

„На работа, по улици, се уште има луѓе кои не можат да се ослободат од маските, им станало навика. Носат по две маски, и надвор и внатре, а има и такви кои се уште не одат на гости. Се уште има стручни колегиуми он лај, сега, седам Совет на град Скопје со 70 луѓе, а колегиуми кај што сме доктори се уште имаат страв. Тие работи ќе траат, а тие што и претходно биле опуштени, разлика нема да почувствуваат“, вели тој.

Пановски смета дека мерките сега веќе немаат смисла, па ја одобрува последната препорака на Комисијата за заразни болести според која треба да „паднат“ сите рестрикции во Македонија, освен задолжително да се носи маска во болница, аптека, автобус и старечки дом. Се очекува ова Кризниот штаб и Владата да го прифатат, но седница според најавите ќе има по празниците.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки