Д-р. Петличковски: Кога размислуваме дали да се вакцинираме, треба да знаеме дека вакцините штитат од тешка болест и смрт
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2021 10:13
„Сигурен 100 процентен ефикасен третман се уште немаме, но имаме некои јасни ставови за тоа дека вакцинацијата е најдобриот пристап во справување со епидемијата“, рече проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на трибината „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“.
„Вакцини имаме на располагање, сите вакцини коишто се одобрени од СЗО и другите авторитети во огромен процент што некогаш се движи до 100 отсто, штитат од тежок тек на болеста и тие се основните податоци што мора да ги имаме на ум кога размислуваме за тоа дали да се вакцинираме или да не се вакцинираме“, кажа имунологот Петличковски.
Според професорот, тоа што во моментов имаме ниски бројки на заразени, не е доказ дека пандемијата е завршена. Во одредени земји кадешто има голем процент на покриеност со имунизација, вирусот има повторни обиди да се врати, можеби не со иста сила, но факт е дека со примена вакцина се исклучува можноста за тежок тек на болеста, истакна тој.
„Вестите и приказните за несаканите ефекти од разните видови на вакцини одеа циклично. Која вакцина ќе станеше достапна и популарна веднаш беше поврзувана со некои страшни приказни, многу од нив комплетно неосновани. Тие приказни се појавувале и ќе се појавуваат, не очекувам да застанат, но на овие милиони па и веќе милијадри покриени жители со вакцини, кога ќе ги сумираме бројките веќе гледаме дека станува збор за исклучително ретки случаи“, кажа Петличковски.
Во однос на состојбата во која во моментов се наоѓаме, тој рече дека ова е ситуација која долго време ја очекувавме. Имаме мал притисок врз здравствениот систем, имаме вакцини на располагање и имаме доста сознанија од оваа година ипол поминати со пандемијата. Истражувањата и натаму продолжуваат во однос на тешко болните пациенти, смртните исходи, како и асимптоматските случаи.
На вчерашната Трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ покрај проф.Петличковски учествуваа министерот за здравство д-р Венко Филипче, претседателката на Националниот комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова и проф. д-р Драган Даниловски епидемиолог.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




