15 Декември, 2025
0.1192

Д-р. Стојанов: Вакцината против стрептокока пневмонија не ја спречува заразата со Ковид-19, но создава посилен имунитет

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020 07:07

Добивај вести на Viber

По повеќемесечна борба со корона вирусот, научниците во светот прават студии и анализи за подобрување на имунолошкиот систем кај луѓето, во очекување на развој и масовна дистрибуција на вакцината против Ковид-19. Според дел од научните студии, тим од експерти од неколку земји, (Гераманија, Швајцарија, САД, Русија и Јапонија), во чиј состав има инфектолози, епидемиолози и други научници, дошле до заклучок дека имунолошкиот систем е многу посилен и многу подобро се бори против Ковид-19 кај оние пациенти кои претходно ја имале примено вакцината против стрептокока пневмонија.  

За ефектот на оваа вакцина, која кај нас е ставена во имунолошкиот календар од лани, одговор побаравме од првиот човек на Центарот за јавно здравје, д-р. Александар Стојанов.

-Станува збор за вакцина против пневмонија. Кај нас има три типа такви вакцини, пнеумо 10, пнеумо 12 и пнеумо 23. Во календарот за имуназција оваа вакцина е ставена точно пред една година, но не е задолжитална. Јас навистина би сакал да стане дел од задолжителните вакцини, бидејќи по 38 години работно искуство со вакцини, навистина верувам во нивниот неверојатен ефект врз здравјето на луѓето. За жал, кај нас се аплицира само кај децата до 5-годишна возраст и тоа врз основа на индикации. Конкретно ја примаат само оние кои имат чести респираторни инфекции, воспалителни белодробни процеси, воспаление на уво, и така натаму. Вакцината 23 се користи за вакцинација на возрасни, односно ја примаат пациентите кои се во домовите за стари лица, вели д-р. Стојанов.

Ако лицето ја прими првата вакцина на возраст над 65 години, тогаш се пропорачува ревакцинирање 5 години подоцна.

Вакцината исто така им се препорачува на лица на возраст меѓу 15 и 64 години кои имаат намален  имунитет,  ако имаат хронична болест (на пример: срцево заболување, заболување на бубрезите, заболување на белите дробови, дијабетес или заболување како резултат на прекумерно пиење алкохол), ако пушат тутун. На овие лица им се препорачува да примат уште една вакцина на возаст од 65 години или 10 години откако ја примиле првата вакцина (во зависност од тоа што ќе се случи подоцна).

Тој појаснува дека оваа вакцина никако не може да помогне луѓето да не се заразат со корона вирусот, односно со Ковид-19, но како што вели, лицата кои ја имаат примено имаат посилен имунитет против респираторните заболувања.

-Вакцината против стрептокока пневмонија дефинитивно не е вакцина против Ковид, но докажано е дека со неа се подобрува специфичниот и општиот имунитет на лицата. Јас искрено би сакал дури и вакцината против сезонскиот грип да стане задолжителна за целокупното населени, бидејќи во изминативе неколку години бројките покажуваат дека со вакцината против сезонскиот грип се имунизираат од 40 до 50 илјади граѓани, појаснува д-р. Стојанов.

Пневмококните инфекции се чести во детска возраст, посебно кај оние деца кои одат во градинка.
Со вакцинацијата се намалува и можноста за пренос на вирусот. Претходно прележана пневмококна инфекција не значи заштита од идни пневмококни болести. Вакцина е најдобар начин детето да се заштити.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро