Д-р. Стојанов за Фактор: Бројките кажуваат дека вирусот е поактивен, поинфективен и посмртоносен
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2020 12:40
Мерките кои ги препорачуваме како Комисија за заразни болести, треба да донесат поголем бенефит, отколку штета на државата, смета директорот на Центарот за јавно здравје и член на Комисијата, д-р. Александар Стојанов.
За Фактор вели дека основно нешто што гледаат се бројките, кои во моментов се алармантни и во однос на новозаразени и посебно во однос на починати лица.
-Луѓето во Македонија треба веќе да сфатат дека ова е навистина многу сериозна болест, заразата лесно се пренесува и во многу случаи, посебно кај пациенти кои имаат коморбидитети завршува фатално. Со ова нема играње. Иако за ова повеќе може да зборуваат микробиолозите и вирусолозите, според бројките пак, кои ги гледаме ние епидемиолозите, вирусот сега е многу поактивен, поинфективен и посмртоносен, вели д-р. Стојанов во изјава за Фактор.
Според него, членовите на Комисијата за заразни болести се уште не се за воведување полициски час, односно комплетна блокада во државата, бидејќи тоа е крајно непопуларна мерка. Но, во случај, да има огромен наплив на пациенти во болниците, и со цел да нема колапс на здравствениот систем, можно е наскоро да препорачаат и други постоги мерки за намалување на трансмисијата на корона вирусот.
А.Б.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




