06 Јули, 2024
0.0385

„ДА, БУГАРИЈА ГИ ТЕПАШЕ СВОИТЕ ГРАЃАНИ СО МАКЕДОНСКА САМОСВЕСТ“: Македонците во Бугарија го кренаа гласот против Радев

Објавено во: Македонија 04 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Заедниците на Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, со која тој му одговори на македонскиот премиер Христијан Мицковски за изјавата дека Договорот за добрососедство може да се репреговара. Радев рече оти „на властите во Скопје им недостига познавање на уставно право“.
-Цинизам е претседател на држава кадешто редовно се кршат човековите права и има толку многу, критики од меѓународните институции за правата на човекот и толку многу пресуди во Судот за човекови права во Стразбур да ги изговори овие зборови. Да, Бугарија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест во годините на демократијата и да – имаше напади врз македонски собори и врз македонски клубови – реагираат Македонците во Бугарија.

Разликата е, велат тие, што за тоа во Бугарија апсолутно никој не е суден, ниту осуден, ниту казнет.

-Никој не е дури ниту вербално укорен, во медиумите или од политичари. Не го слушнавме Радев да го осуди нападот врз македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград, на пример, а ниту било кој бугарски политичар. Македонските политичари ги осудија нападите во Македонија и судот постапи по случаите. Тоа за Бугарија е несонив стандард – велат во реакцијата.
Прашуваат дали може Радев да посочи еден бугарски државјанин со македонски идентитет кој држи позиција во администрацијата сега или да држел таква во Бугарија во последните 60 години.

-Не може. Таков нема и не може да има. Ние лесно се сеќаваме на луѓе со бугарска самосвест кои држеле исклучително високи позиции во Македонија – Димитар Димитров, Младен Србиновски, Ѓорѓи Трендафилов и други. Радев цитира 150.000 од Македонија кои добиле бугарско државјанство на основа на бугарско потекло. Колку од нив имале високи позиции во Македонија? Еден премиер како Љубчо Георгиевски веднаш доаѓа на ум… Да се претставува тепан од своите другари по криминал како тепан поради својот бугарски идентитет, само покажува колку нема аргументи Радев и колку бескрајно далеку се наоѓа тој од реалноста – велат од заедниците.
Оттаму додаваат дека можат да цитираат десетици Извештаи и ставови од Парламентарната асамблеја на Советот на Европа, Комитетот на министрите при Советот на Европа, Комесарот за човекови права, Комисијата за борба против расизмот и дискриминацијата, Советодавниот комитет кон Рамковната конвенција за националните малцинства, Годишните извештаи на Стејт департманот на САД, Хелсинки воч, Амнести интернешанал, Бугарски хелсиншки комитет, 14 пресуди од Судот за човекови права од Стразбур и други.
-Во кои на многу и различни начини се констатираат како нарушувањата на правата на Македонците во Бугарија. Радев никогаш нема земено позиција по ниту еден од нив. А, ниту бугарскиот омбудсман, Комитетот против дискриминација, бугарските судови. Никој! Уставниот суд и Бугарскиот парламент имаат прифатено позиција дека македонско малцинство во Бугарија нема. Колку такви извештаи и пресуди тој може да цитира за наводното кршење на правата на Бугарите во Македонија? Навистина се работи за двојни стандарди. Но гредата е во окото на Радев и неговата држава – се вели во реакцијата.

Зад реакцијата на изјавата на Радев стојат ОМО „Илинден“-ПИРИН, ОМО „Илинден“, Правозаштитен комитет „Толеранција“, Друштво на репресираните Македонци во Бугарија, Друштво за заштита на основни човекови права, Граѓанска иницијатива за признавање на македонско национално малцинство во Бугарија и Македонски дискусионен клуб за етничка толеранција.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО МЕНУВА ГАШИ: Зеќирија Ибрахими ќе ја води Алтернатива

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО МЕНУВА ГАШИ: Зеќирија Ибрахими ќе ја води Алтернатива

ИМЕНУВАЊЕТО ДИРЕКТОРИ ОДИ ПОД ЛУПА: Антикорупциска на штрек, ќе „лови“ неправилности

ИМЕНУВАЊЕТО ДИРЕКТОРИ ОДИ ПОД ЛУПА: Антикорупциска на штрек, ќе „лови“ неправилности

ЗА ШТО Е ПОВИКАН ФРЧКОСКИ НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР? Шокантни информации се пишуваат во медиумите

ЗА ШТО Е ПОВИКАН ФРЧКОСКИ НА КОНСУЛТАЦИИ ВО МНР? Шокантни информации се пишуваат во медиумите

АПАСИЕВ ИМАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ ОЛИВЕР МУ РЕКОЛ „АЈДЕ БЕ МЕНЕ СО ПИШТОЛИ, АЈДЕ НАВИКНИ СЕ“: Лидерот на Левица откри кој му се заканувал

АПАСИЕВ ИМАЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, ВЕЛИ ОЛИВЕР МУ РЕКОЛ „АЈДЕ БЕ МЕНЕ СО ПИШТОЛИ, АЈДЕ НАВИКНИ СЕ“: Лидерот на Левица откри кој му се заканувал

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВО: Риат Али има 20 годишно искуство во полицијата, бил полицаец а потоа инспектор за борба против дрога

ЕВЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ ВО ТЕТОВО: Риат Али има 20 годишно искуство во полицијата, бил полицаец а потоа инспектор за борба против дрога

СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција

СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА ПА СОЛУН: Брза пруга за брзо патување до Грција

ОВА ГО ИМА САМО ВО ЧАИР: Две возила блокирале улица, никој не може да помине

ОВА ГО ИМА САМО ВО ЧАИР: Две возила блокирале улица, никој не може да помине

ЌЕ ИЗГОРИМЕ: Доаѓа пеколно жешко време, еве што велат од УХМР

ЌЕ ИЗГОРИМЕ: Доаѓа пеколно жешко време, еве што велат од УХМР

ДАЛИ ИМАЛО ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ВО СТРУМИЦА? Детето било на мост, непознати лица го кренале во раце, полицијата работи на расветлување на случајот

ДАЛИ ИМАЛО ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ВО СТРУМИЦА? Детето било на мост, непознати лица го кренале во раце, полицијата работи на расветлување на случајот