20 Декември, 2025
0.0620

Да го избереме најуспешниот HR менаџер за 2016 година!

Објавено во: Мои пари 24 Јануари, 2017 15:38

Добивај вести на Viber

Целта на овој избор е да се оддаде признание на најпосветениот и најуспешниот HR менаџер кој со својата работа во доменот на менаџментот на човечки ресурси придонел за успешноста на компанијата и развојот на луѓето!

Номинирајте го HR менаџерот кој цените и сметате дека неговата работа и труд во изминатата година особено придонеле за развојот на функцијата менаџмент на човечките ресурси, воспоставување и унапредување на HR практиките и дека треба да биде награден со токму ова призание, кое се доделува еднаш во годината!

Номинираниот може да биде одговорното лице за управување со човечките ресурси во Вашата компанија, или оддруга компанија, кој како дел од своите работни активности ги има креирањето и спроведувањето на стратегијата за човечки ресурси во организацијата.  Неговата/нејзината работна позиција е најчесто именувана како: Директор за Човечки ресурси, Менаџер за Човечки ресурси, Раководител на Сектор за Човечки ресурси и сл. Можете да го номинирате вашиот колега од областа, но можете да се номинирате и самите себе.

Трет пат статуетата за Најдобар HR менаџер на годината ќе биде врачена како симбол и пример за важноста на HR професијата во организациите и општеството, со призние на HR менаџерот и компанијата која го овозможила неговиот личен и професионален развој и работа во оваа област. Селекцијата на кандидатите ќе биде извршена од страна на Комисија составена од докажани практичари и теоретичари од областа на управувањето со човечките ресурси.

Пријавувањето и номинирањетоза HR менаџер на годинатаможе да се извршизаклучно со 31 јануари 2017 година, со пополнување на формуларот за номинирање на HR менаџер на годината и истиот да се проследи на e-mail адресата: contact@mhra.mk. Повеќе информации за Изборот на HR менаџер на годината, можете да погледнете овде.

Организатор на Изборот е Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), како единствено професионално здружение на HR професионалци во земјата, кое има мисија со своето работење да ја поддржува и развива професијата менаџмент со човечки ресурси и да придонесува за унапредување на нејзиниот статус.

ЗАЕДНИЧКИ ДА ГО ИЗБЕРЕМЕ НАЈДОБРИОТ HR МЕНАЏЕР ЗА 2016 ГОДИНА!

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии