Да се исчисти снегот пред влез, во спротивно казна до 1.000 евра
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2017 14:27
Граѓаните и дуќанџиите да се фатат за лопати и да го исчистат снегот од пред влезовите на своите домови и дуќани, во спротивно ќе се соочат со високи парични казни.
Казни од 500 до 1.000 евра ќе треба да платат сопствениците на објекти кои нема да го исчистат снегот од пред своите влезови.
Ова е во согласност со Законот за јавна чистота, член 22, во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на јавни објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите.
Парични казни од 2.000 до 3.000 евра ќе платат правните лица кои се задолжени за чистење на јавните површини доколку навремено не го расчистуваат снегот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




