Да се нападне вирусот, порача СЗО
Објавено во: Свет, Корона Вирус 26 Март, 2020 07:49
Сите земји кои воведоа карантин со цел да се
спречи ширењето на коронавирусот, мора времето да го искористат за да го
„нападнат вирусот“, порача генералниот директор на Светската здравствена
организација Тедрос Адханан
-Ќе ја надминеме и оваа криза, како што и во минатото се соочивме со многу пандемии и кризи, изјави Тедрос на редовниот брифинг со медиумите
Сведувањето на минимум на движењето на луѓето, според него, овозможува да се „купи време“, со што се намалува притисокот врз здравствените системи и не се дозволува преоптоварување на болниците. Сепак, Тедрос нагласи, дека ваквите мерки, сами по себе нема да ја згаснатпандемијта. .
„Ги повикуваме сите земји ова време да го искористат за да го нападнат вирусот“ рече Тедрос и наведе шест клучни акции што СЗО ги препорачува земјите да ги преземат. Прво, да обучат, распоредат и да го зголемат бројот на здравствени работници, и да применат систем за откривање на секој сомнителен случај.
Според него, многу е важно да се зголеми производството, капацитетот и можноста за тестирање и да се идентификуваат, прилагодат и опремат установите што ќе користат лекување и изолација на пациентите. Како петта акција тој наведе дека државите треба да развијат јасен план и процес за ставање во карантин на оние кои биле во контакт, а како шеста дека треба цело владино внимание да се насочи кон сузбивање и ставање под контрола на Ковид-19.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!





