26 Јуни, 2024
0.0291

Да се прекинат преговорите со Бугарија, бара Левица

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Партијата Левица бара македонската Влада да ги прекине преговорите со Бугарија. 

Како што наведуваат, Левица инсистира итно да се прекинат преговорите со Бугарија од страна на делегитимираната македонска Влада. Велат дека доколку откажувањето од македонското име, знаме, народ, историја, јазик и идентитет се условите за зачленување во Европската Унија, тогаш тоа не ни треба. 

„Членувањето во меѓународните организации, кои практично треба да бидат гарант за еднаквоста помеѓу земјите-членки, покажа исклучителна неприменливост во пракса. Интеграционите процеси за членување во овие организации е преобразено во фази кои го разнебитуваат македонскиот идентитет. Процесот на разнебитување на македонската држава, народ и нација практично започна уште по прогласувањето на независноста. Историјата покажа дека првата отстапка направена со цел регистрација (зачленување) на државата во ООН претставува слабост, преточена во традиција при секоја идна интеграција. Тогаш, политичките елити прифатија промена на државно знаме и привремена референца како име на држава, со што беше создадена подлога за соседните земји непрекинато да бараат по парче од сложувалката на македонскиот идентитет. Разнебитувањето продолжи преку „Охридскиот рамковен договор“, перипетието се случи во Нивици со ставањето на потписот на „Преспанскиот договор“ а кулминацијата зад затворени врати ја најавува Димитар Ковачевски ,преку прифаќањето на бугарските барање за тргање на ветото и деблокирање на интеграционите процеси со ЕУ“, велат од партијата. 

Велат дека бугарскиот премиер Кирил Петков пред пратениците во бугарското собрание го кажа она што делегитимираната власт на СДСМ и ДУИ го спроведува зад грбот на македонскиот народ. 

„Односно, сподели дека Ковачевски продолжува по стапките на Заев и прифатил Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав, најавувајки преговори на заедничката историска комисија, која веќе има изготвени текстови и дека разговори за македонското малцинство во Бугарија се недопустливи“, стои во реакцијата на Левица.

Наведуваат дека овие барања се неприфатливи за Македонија. 

„Квази-политичката елита, без ни малку знаење и умешност влегува во дипломатска игра без реципроцитет, дозволува еклатантно мешање на внатрешните работи, што го загрозува уставниот поредок на државата. Власта на СДСМ и ДУИ непрекинато работи Македонија да стане дејтонизирана држава, а македонската нација, како конститутивен елемент на државата – да се сведе на етничка заедница! По ниту еден основ не е дозволиво надворешен фактор да одлучува за промена во сопствениот Устав! Власта мора да застане во одбрана на државниот суверенитет и врз основа на ратификуваните меѓународни договори и веќе добиени пресуди, да се избори за правата на Македонците во Бугарија“, додаваат во нивната реакција.

Инаку, шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска во Собранието пред пратениците кажа дека за идентитетот не се преговара. 

Можеби ќе ве интересира

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа