Да се укине карантинот за граѓаните од Македонија, бара Народниот правобранител во Албанија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Април, 2021 15:19
Омбудсманот во Албанија бара да се укине карантинот за граѓаните од Македонија и од Грција.
Тој побара поништување на одлуката за задолжителен двонеделен карантин за лицата кои влегуваат од Северна Македонија и од Грција. Наведува при тоа дека тоа го спречува остварувањето на нивното уставно право на глас.
Како што се наведува во жалбата, оваа предложена мерка го попречува и всушност го негира правото на глас на оние емигранти кои сакаат да го искористат ова основно право на општите парламентарни избори, кои ќе се одржат на 25 април.
Оваа предложена мерка се смета за дискриминаторски третман кон нив, затоа што на албанските емигранти кои живеат во други земји им е дозволено да влезат во Албанија без да бидат ставени во карантин, додека на албанските емигранти во Грција не.
За истото се побуни и претседателот Илир Мета, кој одлуката ја смета за сериозен неуставен акт за спречување на албанските емигранти да учествуваат на изборите.Укинување на одлуката, под итно, побараа и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, како и Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кои одлуката ја оценија како избрзана и погрешна. Тие веалт дека одлуката економски ги погодува жителите кои живеат на албанско-македонската граница од Преспа до Голо Брдo, кои, основната егзистенција ја обезбедуваат со сезонска работа и други активности во пограничните региони на Македонија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





