Дачиќ: И да го признаеме Косово, нема да не примат во ЕУ
Објавено во: Балкан 07 Април, 2015 17:42
„Дури и да ја признаеме независноста на Косово, нема да не примат во ЕУ“, изјавил српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
Во интервју за руската телевизија „Спутник“ Дачиќ истакнал дека Србија повеќе нема да го прифаќа спроведувањето на променливите цели и поставување на нови услови.
На прашањето како ќе ја коментира изјавата на претседателот Томислав Николиќ дека ако Србија го признае Косово за еден месец, ќе стане членка на ЕУ, Дачиќ одговорил: „Нема да се случи. Зашто секогаш поставуваат нови услови“. „Кога го приведовме и предадовме ген. Радко Младиќ, еден месец потоа се појави прашањето за Косово. До тогаш никој не го поставуваше на дневен ред, но ние повеќе немаме желба да го прифатиме овој тип на политика со менување цели, континуирано поставување на нови услови. Немаме никаква желба да зборуваме на оваа тема. Многу јасно рековме и на нас многу јасно ни беше кажано дека нема никакви услови“, изјавил Дачиќ.
„Србија нема намера да ја менува својата позиција во однос за независноста на Косово. Ние сме подготвени за дијалог, но нема да се прифати наметнување на нови услови и ултиматуми“, додал тој.
Во однос на изјавата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини дека Србија и Косово преговараат како две одделни држави, Дачиќ рече дека „Могерини се извини за изјавата. Тврди дека сакала да каже земји, а не држави. Нашиот премиер во моментов преговара со новиот премиер во Приштина, се надевам дека сите заедно ќе направиме неколку чекори напред, но не и во однос на независноста, туку за нормализација на односите. Србија е конструктивен фактор“.
Според Дачиќ земјата нема намера да се приклучи кон НАТО, бидејќи е опкружена со земји членки на пактот со кои имаат добри партнерски односи и поради оваа причина таа има статус во рамките на програмата „Партнерство за мир“.
Тој повтори дека Србија е неутрална држава која се стреми кон членство во ЕУ, но и кон добрите односи со Русија.
„Според нас тука нема контрадикција“, додал Дачиќ.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




