Дајте и повеќе моќ на музиката со новите безжични преносливи звучници од Сони
Објавено во: Мои пари 14 Април, 2015 17:46
Новите, преносливи безжични звучници од Сони ќе го направат пуштањето на вашите омилени песни уште полесно и подобро. Со нивниот компактен дизајн, новите звучници СРС-Х11, СРС-Х33 и СРС-Х55 комбинираат моќен квалитет на звукот со безжично поврзување преку Блутут и НФЦ за да може да се поврзете со вашиот мобилен уред и да пуштите музика, па дури и да одговорите на повици. Двата модели, СРС-Х33 и СРС-Х55 ја користат ЛДАЦ технологијата на Сони која овозможува пренос на 3 пати повеќе податоци за разлика од безжичната технологија која се користи во моментов. Дополнително, комбинацијата на Сони С-Мастер, ДСЕЕ и КлиарАудио+ технологиите го подобруваат басот и чистината за уште побогат и подобар квалитет на звукот.
Со димензии од 6 сантиметри, моделот СРС-Х11 комбинира моќност од 10В со два пасивни радијатори овозможувајќи богат и длабок бас. Доколку сакате повеќе, искористете ја функцијата за додавање на звучник и поврзете два СРС- Х11 уреди заедно за двојна моќност на звукот или пак стерео звук.
Моделот СРС-Х33 со моќност на звучникот од 20В со два канали и два пасивни радијатори овозможува подлабока репродукција на басот за слободно да го засилите гласот на звучниците без никакво изобличување на звукот. И двата модели, СРС-Х11 и СРС-Х33 имаат батерии на полнење кои траат до 12 часа уживање во безжична музика.
Моделот СРС-Х55 достигнува едно целосно ново ниво на квалитет во однос на компактните звучници. Со 2.1 каналниот систем и двата пасивни радијатори, овој модел продуцира звук со моќност од 30В. Батеријата на овој звучник може да трае до 10 часа.
Можеби ќе ве интересира
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!






