17 Декември, 2025
0.6958

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2025 10:14

Добивај вести на Viber

КАМ, македонскиотмаркет број еден, кој е носител на престижното признание „Best Buy“ за најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет за 2025/2026во категоријата малопродажни синџири,неодамна доби уште три нови награди со кои продолжува да ги потврдува своите високи стандарди. Компанијата се здоби со нови признанија „Best Buy” за најголема вредност за потрошените средства кои ги доделува реномираната меѓународна агенција ICERTIAS, со седиште во Цирих, Швајцарија. Агенцијата преку истражување на пазарот и независна евалуација им помага на потрошувачите да откријат производи и услуги со исклучителен сооднос помеѓу цена и квалитет и со тоа го подобрува секојдневниот живот на граѓаните.

Првиот сертификат „Best Buy” се однесува на одделот за млечни производи кои се оценетидека имаат најголема вредност за потрошените пари на македонскиот пазар во категоријата малопродажни синџири. Клучен фактор за успехот во категоријата млечни производи е стратешкиот фокус на развој на приватната марка „Bella Farm“.

Вториот сертификат ја нагласува вредноста на приватните марки на КАМ за производите за перењеалишта и чистење на домот, кои во маркетите се достапни под приватните марки „Belil“ и „Klinko“.

Третиот сертификат „Best Buy” ја препознава извонредната понуда на производи за миленици односно асортиманот под приватната марка на КАМ, „Alfie“, вклучувајќи храна и грицки за кучиња и мачки, песок за мачки, кои обезбедуваат грижа и удобност за домашните миленици.

- Овие сертификати се потврда за нашата посветеност на квалитетот и достапноста. Секогаш се стремиме да обезбедиме производи кои не само што ги исполнуваат очекувањата на нашите потрошувачи, туку и ја надминуваат вредноста што тие ја добиваат за потрошените средства. За нас, задоволството на потрошувачите е најважно, а овие признанија ја потврдуваат нашата континуирана посветеност кон нив – велат од КАМ.

Новото истражување на домашната агенција „Инсајдер ИД“, кое беше објавено во ноември, покажува дека КАМ е најпрепознатливиот македонски бренд и компанија по осамостојувањето во која граѓаните имаат најголема доверба, меѓу 200 најголеми домашни претпријатија формирани по осамостојувањето на Македонија. КАМ на почетокот на 2025 година, шести пат по ред, го доби и престижниот сертификат Qudal за домашен малопродажен синџир со апсолутно највисоко ниво на квалитет на пазарот, кој го доделува ICERTIAS.

Со новите признанија, КАМ продолжува да ја потврдува својата лидерска позиција на македонскиот пазар, овозможувајќи им на граѓаните пристап до производи кои комбинираат квалитет, иновација и одличен сооднос помеѓу цена и квалитет.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Дали Вештачката Интелигенција е Иднина или Само Фантазија?

Дали Вештачката Интелигенција е Иднина или Само Фантазија?