Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2025 09:43
Празниците се секогаш магични, исто како и купувањето на подароци за нашите најмили.
Се наоѓаме во еден од најмасовните шопинг периоди, кога многу често посегнуваме по импулсивни купувања водени од празничниот дух, честопати непланирано или пак повеќе од она што сме го планирале, особено во екот на безброј активни промоции, попусти и специјални цени.
Како да го направиме купувањето задоволство?!
Многупати купувањето знае да биде стрес, наместо уживање. Сите сакаме подароци кои се убави, кориснии најважно од сè, што нема да нѝ го испразнат паричникот. Еве неколку едноставни совети како да купувате паметно:
Секогаш планирајте си го буџетот однапред
Размислете колку можете да си дозволите да потрошите. На тој начин ќе се заштитите од импулсивни купувања и ќе можете да ги распределите парите за сите планирани подароци.
Направете листа и споредете цени пред да купите
Во денешно време со само неколку клика онлајн можете да пребарате ист производ достапен на повеќе места, или пак производот што сте го посакувале одамна, во моментов е со специјална цена или промоција. Одвојте време за мало пребарување пред да донесете конечна одлука.
Попустите се секогаш добредојдени, но..
Попустите се корисни само ако производот е навистина потребен. Прашајте се дали би го купиле или пак би ви бил потребен доколку немало попуст. Доколку одговорот е „не“, тогаш попустот за вас не е добра зделка.
Изберете корисни подароци или незаборавни искуства
Добар подарок е оној што ќе се користи или ќе остане во сеќавање, а не оној што ќе заврши заборавен во фиока. Имајте го во предвид животниот стил и потребите на личноста за која купувате. Често, некое заедничко искуство вреди повеќе отколку само предмет.
Искористете купување на рати без трошоци
Доколку сакате да си овозможите навистина безгрижно шопинг искуство кое нема да го оптовари вашиот буџет, опцијата “Buy Now, Pay Later- Купи сега, плати подоцна” е идеално решение. Станува збор за начин на плаќање кој Иуте Македонија пионерски го воведе на пазарот и модел кој веќе одамна стана тренд и кај македонските потрошувачи, овозможувајќи им да добијат повеќе, на паметен начин.
Зошто е овој модел одлично решение?
-Самите можете да го одберете месечниот износ и период на отплата, во зависност од вашиот месечен буџет;
-Производот или услугата ги земате веднаш, а со плаќање почнувате од следниот месец;
-Брзо и едноставно аплицирање, достапно 24/7 преку апликацијата Myiute;
- Купувањето на рати и овој модел се достапни директно во продавница, или пак онлајн
-Процедурата е супер брза и безбедна, со едноставно скенирање на QR код во партнерската мрежа
-Целосно дигитален процес од почеток до крај и транспарентен приказ на планот на враќање на средствата:
-Одобрувањето следи веднаш. Не грижете се-нема да ја пропуштите најдобрата понуда
Во Иуте во моментов се актуелни специјални партнерски понуди., со партнерска мрежа на располагање од преку 800 трговци, над 1000 продажни места и 100 е-продавници.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?
Дали Вештачката Интелигенција е Иднина или Само Фантазија?




