26 Декември, 2024
0.2255

Дали 39 луѓе го платија со живот „дилот“ меѓу мафијата и власта: Шокантни откритија за изградбата на мостот во Џенова

Објавено во: Свет 17 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Мафијата во се има свои прсти, па така сега постојат теории дека би можеле да бидат одговорни за катастрофалното уривање на мостот во Џенова, каде 38 луѓе ги изгубиле животите.

За разлика од другите катастрофи кои ја погодувале Италија, како што се земјотреси и поплави, сепак не се работи за „Божја волја“ како што е првично речено за гром кој погодил столб на мостот. Набрзо е откриено дека се работи за трагедија за која се одговорни луѓе, наведува новинарот Тобијас Џонс.

Многу Италијанци обвинуваат за организиран криминал. Изградба на мостот Моранди кое почнало со планирање на рута која би ги поврзала Италија и Франција, а која е почната во 60-тите години.

Иако не постојат конкретни докази за спроведување на криминални работи во текот на изградбата, власта од 1948 до 1992 година била позната по случаите помеѓу Христијанските демократи и организираниот криминал.

Нив им биле гарантирани гласови како и донации во замена за доделување на јавни договори.

Понекогаш цената на тој договор се покажала дури децении подоцна. Имено, во последните пет години, дури девет мостови се урнале во Италија.

Утврдено е дека апалтите (јавни договори) се еден од најголемите извори на заработка на различни мафии во земјата. Апалтите може да ги содржат сите сектори на јавна работа, од договор за чистење и собирање смет, па до медицински и градежни работи.

Во текот на градежниот бум кон крајот на 50-60 години, кој резултирал со изградба на илјадници станбени згради со сомнителен квалитет и уништување на стари куќи и зелени површини, повеќе од третина сите 4000 градежни дозволи ги добиле шефовите на Коза Ностра, познатата островска мафија.

Имено, мафијата толку ги преземала градежните проекти што тогашниот министер за инфраструктура Пиетро Лунарди во 2001 година ги шокирал Италијанците кои ги почитувале законите прогласувајќи дека проблемите на мафијата секогаш биле присутни и дека е потребно „да научиме да живееме со таа реалност“.

Буџетите за изградбата се толку големи што пружаат одлична прилика за организиран криминал да пере пари. Поддоговори потоа им овозможуваат на босовите на мафијата да, во земјата каде невработеноста на младите е дури 30 отсто, одредува кој ќе работи, акој не.

Организациите против мафијата тврдат дека инспекторите за работа често се заплашувани и уценувани, така да проценката на безбедноста е сведена на минимум.

Ова е посебно опасно поради други измами, посебно поради употреба на „сиромашен цемент“ кога е користена мешавина која штеди пари, но може да чини животи.

Цементот кој е состојка на бетонот, е тежок за производство и е скап, често го мешале со песок, кој бил далеку поевтин.

Полицијата во 2009 година истражувала дури 20 случаи на разреден цемент. Списокот на згради кои би можеле да се урнат поради овој цемент бил над стотина, и вклучува болници, школи и аеродроми.

Професор на градежен факултет со години предупредувал на катастрфа во Џенова, но никој не го слушал

Пред две години, професор по градежништво при Универзитетот во Џенова Антонио Бренчиќ рекол дека мостот кој се урнал е „градежен промашок со многу високи трошоци за одржување“.

Во интервјуто кое го дал во 2016-та рекол дека „маните на мостот се видливи и за обичните луѓе, а не само кај експертите“.

И во други интервјуа истата година, предупредувал на проблемите на надвозникот Моранди.


Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЕРТИ ИЗЛЕГОА СО МИСЛЕЊЕ: Дали руска ракета го погодила азербејџанскиот авион?

ЕКСПЕРТИ ИЗЛЕГОА СО МИСЛЕЊЕ: Дали руска ракета го погодила азербејџанскиот авион?

ПОЈАС ГАЗА: Три бебиња починале за два дена

ПОЈАС ГАЗА: Три бебиња починале за два дена

„МОРЕТО МИ ЈА ОДНЕСЕ ЌЕРКАТА“ – ЦУНАМИТО ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН ОДЗЕДЕ 230.000 ЖИВОТИ: Преживеаните и семејствата ги посетија масовните гробници

„МОРЕТО МИ ЈА ОДНЕСЕ ЌЕРКАТА“ – ЦУНАМИТО ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН ОДЗЕДЕ 230.000 ЖИВОТИ: Преживеаните и семејствата ги посетија масовните гробници

„НЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ“: Откриени последните зборови на пилотот од авионот на смртта

„НЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ“: Откриени последните зборови на пилотот од авионот на смртта

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ, ТРАМП, УКРАИНА....Еве што ја одбележа 2024

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ, ТРАМП, УКРАИНА....Еве што ја одбележа 2024

ОВА СЕ ИГОР И АЛЕКСАНДАР ЗА КОИ ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ: Пилотот и копилотот изведоа невиден маневар пред да се урне авионот и спасија 32 животи

ОВА СЕ ИГОР И АЛЕКСАНДАР ЗА КОИ ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ: Пилотот и копилотот изведоа невиден маневар пред да се урне авионот и спасија 32 животи

СЕ ОГЛАСИ АВИОКОМПАНИЈАТА ЧИЈ АВИОН ВЧЕРА ПАДНА: Откриени детали за пилотот и авионот

СЕ ОГЛАСИ АВИОКОМПАНИЈАТА ЧИЈ АВИОН ВЧЕРА ПАДНА: Откриени детали за пилотот и авионот

На каде оди Германија? На анкетите за премиер води жена што сака да ги вклучи нуклеарките, да го развласти Брисел и да ги реши мигрантите!

На каде оди Германија? На анкетите за премиер води жена што сака да ги вклучи нуклеарките, да го развласти Брисел и да ги реши мигрантите!

(ВИДЕО) ПАТНИЦИТЕ СЕ МОЛАТ: Се појави снимка направена пред да се урне азербејџанскиот авион

(ВИДЕО) ПАТНИЦИТЕ СЕ МОЛАТ: Се појави снимка направена пред да се урне азербејџанскиот авион