Дали Ахмети му ја скри „метлата“ на Заев - Засега без конкретни имиња за смена
Објавено во: Анализа 22 Мај, 2019
Од Владата засега нема ни збор за започнување на операцијата „Метла“ која според последните најави на премиерот Заев треба да замавне за десетина дена. По вчерашната средба со Али Ахмети истакнaто е дека се разговарало за „детектирање одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт“. Премногу внимателен избор на зборови иако граѓаните очекуваат широк замав на промени во сите институции кои се задолжени пред се за подобрување на економската состојба, инфраструктурата, инвестициите и секако во органите кои треба да обезбедат правда за сите како и создавање услови за одлучна и решителна борба со корупцијата, партиските злоупотреби и непотизмот.
Ваквиот млак исход од средбата оцената како почетна точка за „зајакнување на капацитетите на институциите“ го остави разочаран и новинарот и аналитичар Ивор Мицковски кој досега повеќе пати апелираше на системски промени.
„Абе Зоки, ти си премиер или Али е?! Кое маче си пред ДУИ, тоа е неверојатно.Сега не зборат ни за метла, нешо ветинг, нешто ароганцијата да се сузбие. Кои преваранти“, коментира Мицковски на социјалните мрежи.
Меѓутоа на метлата нема така лесно да се заборави, за што говори одличната герила акција на Фејсбук страната „Единица за артистички акции“ кои „поставија“ метли пред сите државни институции и тоа златни, за со нив побрзо, поквалитетно и полесно да се збрише со неодговорните функционери и мрзеливите административци кои ги блокираат секојдневните процеси.
Видео од „Единица за артистички акции“
„Метлата не е обична, туку златна, зашто тоа е
единица мерка за (нечие) богатство, симбол за човечката лакомост, но реално со
златна метла, многу полесно се работи. За разлика од обичната метла, оваа
предизвикува прекрасни чувства додека се користи, без разлика дали се користи
за хигиенско чистење, ментално (про)чистување или пак кадровско чистење.
Златната метла е решение за сите општествени проблеми. Единицата за брзи
артивистички акции, со оваа златна метла, сака да го потсети Премиерот на
мудроста: што можеш да завршиш денеска, не оставај за утре!, му порачаа
артистите на Заев“.
Засега предизвикот „Златна метла“ го прифати министерката за правда Рената Дескоска Треневска, но можеби и таа ќе почека партиски инструкции, како и валидација од коалициониот партнер Ахмети пред да почне да замети во зградата со половина фасада на Рекорд, бидејќи не откри детали за промена на функционери во нејзиниот ресор туку за неопходноста од носење на новиот закон за јавно обвинителство кој го опфаќа и СЈО.
„Вистински благодариме за овој златен подарок - златна метла. Златна метла во правда може да биде за метење криминал и корупција. Се надеваме дека со носењето на Законот за Јавното обвинителство ќе се исполни оваа насушна потреба на граѓаните. Затоа, охрабрете се - заедно да го изгласаме и да создадеме можност да се измете криминалот и корупцијата“, истакна министерката Дескоска Треневска.
Подбив за промена на реториката од метла за функционери во кадровски промени во институциите доаѓаат и од новинарот на ТВ Клан Фуркан Салиу, кој смета дека ДУИ успешно го забраниле терминот „метла“ да се користи за смена на нивните министри.
Otkako na premierot mu bese zabraneto da odlucuva za ministrine na DUI, sega mu zabranija i da go upotrebi zborot #METLLA
— FurKlan (@FurkanSaliu) May 21, 2019
Kryeministrit pasi iu ndalua te merret me funksionaret e BDI-se, iu ndalua edhe perdorimi i fjales #METLLA pic.twitter.com/ZtXQZCtzwD
Охрид може да биде избришан од листата на УНЕСКО за заштитено културно и природно наследство и поради градежната експанзија, негрижата за водната состојба и биодиверзитетот наскоро може да биде ставен на листата на загрозени подрачја, што е опасен сигнал. Таквата разврска е неприфатлива за актерката и поранешна активистка на СДСМ Софија Куновска која бара веднаш да се измети во дворот на функционерите кои ја водат културата во земјата.
„Роберт, Цветанка и останати, Не ви е ли cpaм да одите утре повторно на работа после ова? Ова не е само за cpaмота и за ocтавка. Ова е и за кpивична приjaва. Злocторство. Cpaм да ви е и apaм, пишува поранешната пратеничка од редовите на СДСМ“, Куновска.
Разговорите на највисоко ниво меѓу коалиционите владини партнери треба да продолжат и во наредниот период со цел да се постигне договор за владина реконструкција, но освен промени во хоризонтала, мора да следат и промени по вертикала во сите институции и засега сите кадри кои ги разочараа граѓаните да бидат заменети без оглед на тесно партиските комбинаторики и калкулации. Во спротивно наместо метла по институции, свесни се и Заев и Ахмети дека мелата ќе заигра на следните избори.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.