19 Декември, 2025
0.0641

ДАЛИ АЈВАРОТ Е КАНЦЕРОГЕН ИЛИ НЕ: Нутриционистот Диана Шалевска открива дали граѓаните треба да бидат загрижени

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2023 07:48

Добивај вести на Viber

Во минатото повремено се говореше за тоа дали омиленото јадење на Македонците, ајварот е канцероген.

Сега сме во сезона кога се подготвува ајвар. Нутриционистот Диана Шалевска вели дека граѓаните не треба да бидат загрижени во однос на состојките кои ги содржи ајварот. Додава дека ајварот не е здрава храна, но не е канцероген.

„Канцерогените соединенија (акриламид, глицидамид и др.) се создаваат при изложување на маслото на висока температура односно пржење. Земајќи го предвид фактот дека ајварот се приготвува на пониска температура со постојано мешање, не доаѓа до создавање на канцерогени соединенија. Според тоа, ајварот не спаѓа во канцерогена храна. Морам да кажам дека не може да биде ни здрава храна, бидејќи се приготвува со поголема количина на масло и како што кажав има мала нутритивна вредност. Затоа би препорачала умерено, повремено консумирање. Секоја модификација при неговото приготвување со цел да добиеме некоја нов здрав тип на ајвар би значело промена на неговиот традиционален, автентичен вкус“, рече нутриционистот.

Вели дека ајварот во принцип и не е толку калоричен производ. Но, луѓето обично го консумираат со други калорични намирници.

„Во зависност од рецептот по кој се приготвува неговата калориска вредност варира од 80-100 kCal во 100 грама, односно 7kCal во една лажица. Всушност калориите кои ги внесуваме се препишуваат на намирниците со кои го јадеме ајварот(бел леб, сирење). Ајварот не е калоричен, но не е и нутритивно богат. Неговата мала нутритивна вредност се должи на термичката обработка на пиперките. Прво се печат, потоа се пржaт и на тој начин ја губат нутритивната вредност на пиперката која како свежа изобилува со витамини, минерали и антиоксиданси. Црвената пиперка е богата со витамин C, A, E, K, витамини од групата B, ликопен, бета-каротен, лутеин. Тоа се нутриенти кои имаат антиоксидативни својства и ја штитат клетката од оксидативен стрес. Со термичката обработка во најголем дел се уништуваат витамините, но во пиперката има и термостабилни соединенија кои сепак остануваат во ајварот. Остануваат минералите, растителните влакна, ликопенот кој е моќен антиоксиданс, како и витамини кои се издржливи на високи температури како A, E, K.“, вели Шалевска.

Граѓаните за зимскиот период подготвуваат ајвар, лутеница, малиџано, но оваа есен, зеленчукот е поскап од лани и се смета дека дел од домаќинствата или нема да ги прават овие специјалитети или ќе направат помала количина. Дури, дел од населението со оглед на лошата економска состојба смета дека ајварот стана луксуз. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/user13256280

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот