01 Ноември, 2024
0.0274

ДАЛИ БЕШЕ РАЗРЕШЕН ИЛИ ДАДЕ ОСТАВКА, И ПОРАДИ ШТО ТОЧНО, НЕ СЕ ЗНАЕ, АМА ВЛАДАТА МУ БАРА НАСЛЕДНИК - распишан оглас за нов државен правобранител

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Владата преку оглас му бара и ќе бира наследник на неодамна разрешениот државен правобранител Фехми Стафа.

Тој беше разрешен од функцијата на владина седница на 23 август годинава.

Тоа беше практично во исти ден кога Владата го смени и првиот човек на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Токму во Управата за финансиска полиција Владата веќе именуваше нов директор, избирајќи го на таа позиција Горан Ивановски, дотогашен вработен во институцијата.

Но, местото на Државниот правобранител Стафа остана празно. Сеага Владата распишала оглас за именување на нов државен правобранител на земјава. Огласот ќе трае се до 12 септември, односно до понеделник идната недела.

Како што стои во огласот, за државен правобранител на Република Северна Македонија, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку осум години по положен правосуден испит и да ужива углед за вршење на функцијата.

„Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во член 20 став 1 од Законот за државното правобранителство, пријавата со потребните документи во оригинал или копија заверена на нотар, да ги поднесат до архивата на Владата или по пошта. Оваа одлука ќе се објави и во: „Службен весник“ и во три дневни весници.

Државното правобранителство е државен орган кој презема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија и врши други работи утврдени со закон.

Инаку, кога на 23 август го разреши Стафа, Владата не даде детали за причините за неговото отстранување од функцијата. На истата седница Владата донела и Одлука за распишување оглас за именување на нов Државен правобранител.

А, во исто ден кога Владата соопшти дека е разрешен, од Државното правобранителство информираа дека државниот правобранител Фехми Стафа до Владата поднел неотповиклива оставка од лични причини.

Јас, државен правобранител на РСМ, Фехми Стафа поднесувам неотповиклива оставка од лични причини. Барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница“, стоеше во оставката од Стафа.

Стафа беше назначен на функцијата од пред четири години, односно од август, 2018 година. 

Разрешувањето на Стафа се случи во време кога од својата работа беше суспендирана поранешната шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска како и шефот на финансиската полиција, Арафат Муареми. Некои кругови посочија дека повлекувањето на Стафа има директна корелација со суспензијата на Русковска и неколку клучни предмети на кои работеле двете институции.

Самиот Стафа, пак, за медиумите тогаш изјави дека пропустите во постапувањето во случајот „Трансмет“ не се во правобранителството, туку во Обвинителството. Тој рече дека ги презел сите потребни чекори, но тогашното СЈО го исклучило од постапката. 

„Зошто обвинителот во текот на кривичната постапка не побарал  да се вклучи Државното правобранителство  исто  како последните две спогодби, со Обвинителството за организиран криминал и корупција раководено од Вилма Рускоска? Со конфискацијата, освен сосптвеноста на имотот, префрлен е и целокупниот долг со кој тој имот бил оптоварен, а законско задолжение било на обвинителот да побара да се прогласат за ништовни сите тие хипотеки и долгови со кои бил оптоварен имотот“, рече Стафа. 

И за еден друг случај, како што објавија медиумите, по барањето до Јавното обвинителство, испратено од Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдување одговорност за одговорното лице на Државното правобранителство за склучен договор за дело со новинарката Бесмира Ејупи, на 6 јуни, годинава, во писмо до Собранието Државното правобранителство побара преиспитување на работата на ДКСК.

Во писмото до Собранието, државниот правобранител Фехми Стафа изразил сериозно сомневање во работата на ДКСК и нејзината претседателка Билјана Ивановска од аспект на нејзино „стручно, непристрасно и законито постапување согласно надлежностите кои ѝ се утврдени според Законот". Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК, на ова одговори дека квалификациите изнесени од страна на државниот правобранител Фехми Стафа, се паушални и неосновани и претставуваат обид за вршење притисок врз работењето на ДКСК. 

Набргу по оваа преписка, односно по околу два месеци, Стафа бепе разрешен од функцијата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за ѓивот без дијализа

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за ѓивот без дијализа

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите

Македонија во фокусот на Microbalkans 2024: Никола Јошевски за улогата на финтек иновациите

РОЈТЕРС ЗА ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Светското наследство на УНЕСКО е изложено на ризик од загадување

РОЈТЕРС ЗА ОХРИДСКО ЕЗЕРО: Светското наследство на УНЕСКО е изложено на ризик од загадување

ГРЧКИОТ ФРИШОП ИМА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА: Нова дестинација за потрошувачите, за сите свои бизниси Николовски во најновиот поткаст на Фактор

ГРЧКИОТ ФРИШОП ИМА СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА: Нова дестинација за потрошувачите, за сите свои бизниси Николовски во најновиот поткаст на Фактор

Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Крв даруваа над 60 вработени во АСО и во осигурителни компании

Масовна и успешна крводарителска акција по повод Денот на осигурувањето! Крв даруваа над 60 вработени во АСО и во осигурителни компании

ПОЗНАТО КОГА И КАДЕ ЌЕ ПОЧИВА ЗОКИ ФАЦИ: Лазаров објави кога ќе биде погребот

ПОЗНАТО КОГА И КАДЕ ЌЕ ПОЧИВА ЗОКИ ФАЦИ: Лазаров објави кога ќе биде погребот

„ЌЕ СЕ ПРАВИ ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ТУНЕЛ КОН БУГАРИЈА“: прифатени трите барања за доградба на пругата кон соседите

„ЌЕ СЕ ПРАВИ ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ТУНЕЛ КОН БУГАРИЈА“: прифатени трите барања за доградба на пругата кон соседите