Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2025 06:30
Собранието синоќа на продолжение на 67. седница го донесе Законот за средно полициско училиште. За законот што беше усвоен со Бадентерово мнозинство, расправата беше завршена претходно. Со него се воспоставува правна рамка за основање и функционирање на средно полициско училиште во кое ќе се образуваат идните полициски службеници.
Во образложението на Законот е наведено дека се предвидува ова средно образование да функционира во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, односно согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија. Ќе биде во времетраење од две учебни години, односно трета и четврта година средно образование, така што секој кандидат/ученик по завршување на прва и втора година средно училиште, на објавен конкурс може да се пријави и доколку ги исполнува предвидените услови, своето образование да го продолжи во средно полициско училиште.
Согласно потребите на Министерството за внатрешни работи ќе може паралелно да се спроведува и досегашната основна обука за полицаец во времетраење од една година.
- Анализите од досегашната пракса и искуства од земјите во кои се спроведува средното полициско образование (Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Чешката Република и други), укажуваат на тоа дека со ваков вид на образование иако се произведува помала бројка на кадар, со него се оди на постигнување квалитет. Самото образование како подолготрајно дава поголеми резултати. Дополнително на ова е и фактот што кандидатите за средно полициско училиште се запишуваат на 15/16-та годишна возраст, наспроти сегашната основна полициска обука со 18 до 25-годишна возраст, се вели во образложението.
Последната генерација во Средното полициско училиште заврши во 2000-та година, а со примената на ова законско решение ќе се продолжи со 25-та генерација ученици.
Можеби ќе ве интересира
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија
ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“
Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации
(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ




