18 Декември, 2025
0.0952

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2025 22:26

Добивај вести на Viber

ШИЛЕГОВ БАРА ОСТАВКА ОД ФИЛИПЧЕ

Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Скопје и член на СДСМ, со пост на Фејсбук побара оставка од лидерот Венко Филипче.

„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!!! Или тешка Ви е одговорноста ? Или Ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош!!! М? Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова Година, Божиќ, ќе се заборави…” Да!!! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ!“, пишува Шилегов. 

СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ПАКЕТОТ ЗАКОНИ ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

Собранието со 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ попладнево ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка. Тие се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“.

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност претходно денеска ги проследи измените на Законот за полиција и измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на ситемот „Безбеден град“ на понатамошна постапка во Собранието.

ЉУПЧО ПЕЦОВ-ЃАВОЛОТ Е ПУШТЕН ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР

Контроверзниот бизнисмен со нафтени деривати Љупчо Пецов - Ѓаволот по втората поднесена жалба е пуштен од ефективен во домашен притвор, во случај поврзан и со апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа кој беше фатен во обид како адвокат со 100.000 евра да поткупи судија за да суди во корист на осомничениот неготински трговец.

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино за случајот „Синџир“ и го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор со понудена гаранција. Но сега по два дена Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција известува дека Пецов е пуштен во домашен притвор поради нарушено здравје.

ГРЧКОТО МНР РЕАГИРАШЕ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА ИМЕТО

Грчкото Министерство за надворешни работи реагираше денеска за изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој за внатрешнополитички цели тврдеше дека го „вратил името“ на Македонија бидејќи и лидерот на СДСМ, Венко Филипче почнал да ја нарекува така земјата наместо Северна Македонија.

„Потсетуваме дека уставното име на соседната држава е ‘Северна Македонија’, како што е јасно дефинирано во член 1 од Преспанскиот договор, на кој таа е страна. Преспанскиот договор е дел од Уставот на Северна Македонија и е целосно обврзувачки за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво. Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот нема да биде прифатен од грчката страна. Преспанскиот договор е дел од меѓународното право и неговото почитување е основа на мирниот соживот на народите и државите. Во меѓународните договори нема фактички ситуации, нивната примена е униформна и универзална. Напредокот во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на нејзиниот сосед бараат строго почитување на договорите и почитување на принципот на добрососедски односи“, стои во реакцијата на грчкото МНР.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ако судиме според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), домаќинствата во последниве години консумираат поголема количина ајвар за разлика од пред десетина години. 

Сите кои се заинтересирани за купување станови, но и градежниците може да здивнат. Повластената стапка од само пет проценти за првиот промет на згради или станови останува во примена до крајот на 2028 година. Поради ова, данокот нема да биде причина за дополнително поскапување на и онака скапите недвижности.

По две и пол години изградба, со нови анекси во вредност од 700.000 евра поскапе реконструкцијата на Палата АСНОМ (поранешната зграда на Комерцијална банка која свевремено беше купена од Владата) зад Археолошки музеј. Ова потсетува на времето од пред десетина години кога „Бауер БГ“ добиваше огромни тендери со најповолна понуда, а потоа растеше цената на проектите со нови трошоци.

Љупчо Коцевски е првиот јавен обвинител на кого му била изгласана интерпелација во Собранието, а таа недоверба од законодавната власт кулминираше со постапката за негово разрешување иако тој сам си поднесе оставка и одби да се соочи со пратениците за неговото работење.

Можеби ќе ве интересира

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето