Дали би купиле автомобил преку интернет?
Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2014
Hyundai и дигиталниот малопродажен ланец Rockar, во Велика Британија започнале нов начин на продажба на автомобили на овој произведувач - со помош на апликација за мобилни уреди.
Rockar Hyundai претставува нов пристап на набавка на автомобили наменет за современите клиенти, кои навикнале да купуваат преку интернет.
Овој систем им овозможува на корисниците со апликацијата да истражуваат модели, да закажат тест возење, да закажат замена на некој автомобилски дел во сервис, да го заменат своето старо возило за нов Hyundai - да платат готовина или по пат на различни финансиски пакети.
На апликацијата се пристапува преку веб адресата rockar.com, а купувањето може да се направи само за пет минути со помош на компјутер, таблет или паметен телефон.