16 Декември, 2025
0.3688

Дали би се развеле заради данок?

Објавено во: Свет 20 Јули, 2014 08:50

Добивај вести на Viber

Дали би сте се развеле за да ја „измамите“ државата и да не платите данок? Токму тоа се прави во Кина, каде што се повеќе граѓани во разводот бараат спас од данокот на имот. Имено, цената на недвижностите во Кина значително се намали заради урбанизацијата, но даноците се зголемија. Во случај на продажба на секундарен имот, локалната самоуправа ги оданочува граѓаните со даночна стапка од 20%, што е екстремно високо ако се спореди дека даночната стапка за оние што имаат само еден имот  изнесува само еден процент. Но, технички со развод на секој од двајцата сопружници му останува по еден имот, со што се избегнува високата даночна стапка. Недвижноста се продава, а потоа парот може пак да се венча. Во кинеските таканаречени„Канцеларии за регистрација на бракот“ наведуваат дека знаат оти луѓето понекогаш се разведуваат за да ја избегнат даночната обврска, но не можат да влијаат врз слободата на склучување и раскинување на бракот. Но, ваквите идеи можат да донесат и неочекувани проблеми. Некои сопружници, имено, го користат овој даночен превид за да можат полесно да се разведат. Под изговор дека се разведуваат од партнерот за да избегнат даночна обврска, тие всушност полесно добиваат согласност за развод од брачниот другар, а потоа стапуваат во брак со друго лице. Б.А.

Можеби ќе ве интересира

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица