17 Јануари, 2025
0.0244

Дали бунтот во Турција ќе ги одврати Македонците од турските плажи?

Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Немирите во Турција не ги плашат Mакедонците и ова лето да го поминат на некои од турските крајбрежја. Иако се очекуваше поради бунтовите, за оваа дестинација годинава да има помалку аранжмани, сепак бројката е дури поголема од лани. Граѓаните велат дека и покрај протестите, не ја чувствуваат Турција до толку ризична за да не летуваат таму. -Имам уплатено аранжман за Кушадаси, и не планирам да го менувам аранжманот за друга дестинација. Турција е голема земја, а и протестите се во Анкара, не на местата за летување, од тие причини и не ја сметам за ризична, вака коментираат голем дел од граѓаните на прашањето дали актуелните состојби се пречка да летуваат во Турција Интересот го потврдуваат и од туристичките агенции. Од таму велат дека бунтот во Турција не ги намалил аранжманите, туку напротив интересот ова лето бил уште поголем, особено за познатите турски летувалишта како Анталија и Кушадаси. Од агенциите коментираат дека досега немале откажување на арнжмани, дури во некои од термините се проширувале групите за авионски превоз и за хотелско сместување. Слична е ситуацијата и со Грција. И покрај масовните протести против мерките за штедење на грчката Влада, голем број Македонци и оваа летна сезона ќе летуваат на некои од грчките риевиери. Од туристичките агенции велат дека и за оваа дестинација нема намалување на продажбата на арнжманите. Но, ваквите состојби во Грција и Турција не придонесоа за намалување на цените на аранжманите. Дури споредено со ланската летна сезона, има мало поскапување на аранжманите, но поголем квалитет и економични понуди, коментираат од туристичките агенции. Во однос на вкупната  туристичка понуда, и оваа летна сезона се нудат вообичаените аранжмани за Грција и Турција, до понуди за Азурниот брег, Малдиви, Дубаи, Куба, Сејшели, Јордан, Доминиканска Република и други егзотични дестинации. Од агенциите велат дека последните години расте бројот на Македонци кои летниот одмор сакаат да го поминат на некои поексклузивно егзотично место. -Ние имаме склучено аранжмани уште од крајот на минатата година. Контики годинава со своето директно претставништво Kon tiki sky во Скопје, отвора дестинација за Јордан, поточно Акаба, на црвеното море која е огормен хит, и тоа не само на нашиот туку и на балканскиот туристички пазар. Исто така за годинава имаме уште една нова дестинација за Азурниот брег, кој е новитет дестинација од веќе постоечките 19 чартер летни дестинации на нашата агенција, вели Дејан Вељанов од туристичката агенција „Kon Tiki Sky“ од Скопје Со влезот на нискобуџетните авио-компании во земјава, од агенциите велат дека расте интересот за патување со авион, особено за подалечните дестинации. Во зависност од цената на арнажманот, Македонците или плаќаат во кеш цела сума или на рати со кредитна картичка. Од агенциите велат дека економската криза најмногу се почуствувала минатата година,  кога се  барале поблиски и поевтини дестинации. -Изминатата година се почувствува ефект од кризата, односно се бараа  поевтини дестинации како  Грција, Бугарија, Албанија. Годинава бидејќи рано започнавме со резервации за Турција, со авионски превоз и со услугата “се` вклучено”, може да се каже дека е подобрена ситуацијата со буџетите на клиентите, кои ги одделуваат за патувања. Секоја година се зголемува интересот за летување во Турција, Македонците патуваат, задоволни сме со досегашната побарувачка и продажба на аранжмани, изјавија за Фактор неодамна од туристичката агенција Фибула. Годинава, со оглед на позитивниот старт на летната сезона проследен со зголемена побарувачка за аранжмани, туристичките агенции очекуваат зголемување на профитот во однос на лани. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето