Дали Црногорците урнаа рекорд по бројот на вакцинирани во еден ден?
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 05 Мај, 2021 18:30
Црногорците тврдат дека поставиле европски рекорд со вакцинациите кои се извршени за еден ден.
Околу 10.000 луѓе примиле вакцина на првиот ден од масовната имунизација, а тоа е 1,5 процент од вкупното население. Информацијата денеска ја соопшти Министерството за здравство. Велат дека со ова Црна Гора постави рекорд во Европа по бројот на дози дадени за еден ден пропорционално на бројот на жители. Досега рекордер е Германија, која вакцинираше милион луѓе за еден ден, или 1,2 проценти од нејзиното население. Во државата починаа над 1.500 луѓе од коронавирусот. Земјата брзо откако почна пандемијата лани, остана без активни случаи и се прогласи за прва земја без корона во Европа. Но, потоа следуваа потешки денови, со голем број на заразени и починати.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





