ДАЛИ Е НА ПРАГОТ ЛЕКОТ ПРОТИВ КОВИД? Научниците изолираа антитело кое реагира на делта сојот
Објавено во: Балкан 14 Јули, 2021 13:30
Поголема група научници,
меѓу кои и хрватскиот вирусен
инунолог Лука Чичин-Шаин успеале да изолираат антитело кое реагира на
делта сојот на корона вирусот.
Во гостување на ХТВ д-р Шаин појаснува дека тоа е лек што спречува корона вирусот да навлезе во клетките и со тоа да го пробие неговиот ланец на ширење низ телото.
-Тестиравме и докажавме дека нашиот лек работи не само во клеточна култура, туку и во живи организми. Во тек се првични клинички истражувања. Нашето антитело е изменето за да се поврзе со вирусот, но не и со клетките на имунолошкиот систем и, според тоа, веруваме дека го намалуваме ризикот од предизвикување несакани воспалителни последици од ваквото терапевтско дејство – истакна д-р Шаин за ХТВ
Хрватскиот имунолог потенцира дека има и бројни други тимови од научници кои прават напори за развој на лекови кои ќе бидат насочени кон ензимите што ги има вирусот, а ги нема нашето тело.
-Постои и класа лекови кои делуваат против прекумерен имунолошки одговор, затоа што знаеме дека кај тешки пациенти проблемот е во цитокинската бура што се јавува како последица на прекумерна имунолошка реакција на организмот, затоа се развиваат лекови за намалување на имунолошкиот одговорм појасни д-р Шаин.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




