25 Ноември, 2024
0.0260

Дали е Штип пред целосен карантин: Бројот на новозаболени расте

Објавено во: Македонија 27 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Со 14 новозаболени за еден ден во последната статистика од вчера, Штип остана повторно меѓу градовите кои имаат најмногу новозаболени од коронавирусот. Додека надлежните сметаат дека стравувањата за овој град од истокот се најголеми поради неможноста ширењето да се стави под контрола, во градот веќе се зборува дека е можно да биде затворен, слично како што беше тоа со Дебар и со Куманово. Во таков случај би било ограничено движењето на штипјани надвор од градот, но ќе биде лимитиран и велзот во градот. Иако ова е неофицијална информација, сите опции биле отворени. 

Моментално во градот има 46 хоспитализирани пациенти што е впрочем и максимумот. Допрва ќе се отвора и монтажната болница. Најголем проблем во Штип се текстилните фабрики. И од Центарот за јавно здравје го потврдуваат тоа.

Најголем проблем во моментов во Македонија ни се конфекциите во Штип и во Свети Николе. Оттаму ни тврдат дека целосно ги почитуваат мерките за заштита и протоколите и вработените мора да бидат со маски и дел од инспекциите кои биле таму утврдиле дека тоа е навистина така. Сите фабрики имаат свои автобуси и автбусот вози со 50 отсто од капацитетот. Сепак сите опции се отворени, велат нашите извори.

 Во Штип моментално се активни 380 случаи.

Градоначалникот Благој Бочварски на 22 месецов рече дека Штип се соочува со трет бран на вирусот. Тогаш најави дека сака да не се случи целосно затворање на градот.

„Иако Општина Штип не носи одлука за карантин или полициски час, сакам да го искажам мојот став дека сум оптимист и верувам дека ќе успееме да го пребродиме овој бран, без притоа да се случи делумно или целосно затворање на градот. Затоа ние мораме да направиме се и да не дозволиме да продолжи растот на новозаразени, а со тоа да се преполнат капацитетите на болниците и повторно да се вратиме на поголеми ограничувања во функционирањето“, рече тогаш Бочварски. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик