28 Март, 2024
0.0250

Дали фан клубот му направи услуга на Заев и ПР тимот на Владата?

Објавено во: Анализа 17 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Наводната изјава со која Зоран Заев на многу искрен и емотивен начин бара трпение од народот за сите промени со оглед на тешките услови неколку дена беше многу споделувана и коментирана пред се на социјалните мрежи за потоа да биде преземена и од повеќе веб сајтови. Како снежна топка која се зголемува на објавените вести следуваа и анализи и коментари без некој сериозно да провери за кого, каде и зошто е дадена самата изјава.

Првите знаци на сомнителност се јавија кога објавата на фан клубот на Зоран Заев не се кореспондираше со тоа што премиерот го објавува на неговата официјална Фејсбук страница наменета за комуницирање со јавноста, ниту пак на владините сајтови за информирање. 

Поточно, склопената изјава беше со цел да звучи како да е кажана во стилот на Зоран Заев или пак, премиерот можеби и некаде дал таква изјава со сличен контекст во која се бара трпение од граѓаните и гласачите, но не во целост и збор до збор како што на своја рака ја пренел Фан клубот.

„Водиме одлична надворешна политика. Откако сум јас Премиер, Македонија доби огромен број на пријатели во Европа и Светот кои не поддржуваат на патот кон ЕУ и НАТО. Свесен сум дека домашната/внатрешна политика има некои пропусти. Но ќе ја решиме и неа. Ве молам за трпение. Имаме задолжена земја од 5 милијарди евра, уништени институции, крахирано здравство, култура, образование. И потребно е време за да се променат работите. Не сакаме брзи промени кои нема да донесат ништо подобро. Сакаме промени кои ќе ги почувствувате“ пишуваше во објавената лажна изјава на Zoran Zaev FAN Klub страницата.

Секако, на почетокот немаше официјална реакција од страна на владината служба за комуникации и ако имало веб сајтовите кои веќе ја објавија веста не видовме да ја повлечат или да ја дообјаснат. Дури отпосле откако изјавата во која наводно премиерот Заев замолува за трпение владини претставници почнаа да ја демантираат и да тврдат дека станув збор за Фејсбук фејк вест која има за цел да привлече внимание и публика на социјалната мрежа, но не е воопшто поврзана со официјалната владина комуникација, туку во нејзини делови има преземено различни изјави од премиерот Заев.

На граѓаните им препорачуваме да внимаваат на начинот на кој се информираат на социјалните мрежи, особено од непроверени и лажни Фејсбук страници кои освен што споделуваат провокативни линкови и самите објавуваат фејк вести за кликови и собирање на лајкови. Истото важи и за новинарите и за владините службеници кои мора повнимателно да се однесуваагт при комуникацијата со јавноста и гласачите и да не чекаат да „пројде возот“ за да реагираат откако штетата ќе биде направена.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот