20 Декември, 2025
0.0404

Дали Google, Yahoo, Facebook, Microsoft и Apple имаат проблем со безбедноста?!

Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2013 08:55

Добивај вести на Viber

Интернет компаниите, вклучувајки ги и  Google, Yahoo, Facebook, Microsoft и Apple, се обидуваат да се дистанцираат од информацијата дека имаат проблеми во безбедноста. Google, Facebook и Yahoo бараат нов начин за борба со Агенцијата за национална безбедност на САД користејќи нов многу потежок за хакирање код со кој ги заштитуваат своите мрежи и клиентите од шпионирање. Компаниите го посветуваат своето внимание на електронската пошта и објавите на социјалните мрежи, а за таа цел се насочени кон засилено криптирање. Додека Агенцијата на САД има можност да ги прескокне ограничувањата, компаниите се категорични дека ќе треба да им овозможат на своите корисници најбезбедни он лајн врски и заштита од кражба на податоци. Од своја страна,  Microsoft е убедена, дека треба да инвестира во заштита на информациите на клинетите од широкиот спектар на закани. Компаниите како  Google, Yahoo, Facebook, Microsoft и Apple, се обидуваат да се дистанцираат од информацијата дека и дале на Агенцијата податоци од он лајн комуникацијата на Американци и странци како и дека имаат проблеми со безбеноста. Додека компаниите се обидуваат да ги отфрлат обидите на Агенцијата за овозможување на неавторизиран пристап до техничките податоци, во исто време, законските обврски за отстапување на информации на институциите останува ненадминлив проблем за нив. НСА прислушува преку оптичките кабли? Агенцијата за национална безбедност ги прислушува оптичките кабли во странство за да извлече информации од  Google и Yahoo, тврдат извори кои ги цитираат Washington Post, New York Times и на британски Guardian. Нивните тврдења се засновани на документи кои ги обебзбедиле од поранешниот службеник во агенцијата Едвард Сноуден. Компаниите се борат со сето тоа пред се преку искористување на се по слжено криптирање кое ги шифрира информациите со помош на математичка формула која може да се декодира само со специјален бројчан клуч. Google вложува се посилни напори за криптирање на информациите кои протекуваат помеѓу центрите за податоци. Покрај тоа ги има зголемено за два пати бројките на своите клучеви и вклучува се по засилени мерки за распознавање на измамнички сертификати за проверка на аватентичноста на веб сајтовите. Шпионските програми на американската агенција имаат голем потенцијал за нанесување на сеиозни последици врз конкурентноста на американските комапнии, тврди Ричард Салгадо директор за  информатичка безбедност во Google. Според него од исклучителна важност е корисниците да разберат дека компанијата настојува да ги зачува податоците и им оддава голема важност. Интернет индустријата може да загуби 180 милијарди долари Google, Yahoo и Facebook имаат генерирано 44,4 милијарди приход од реклами оваа година благодарение на тоа што ги проучуваат корисниците со посредство на личните податоци. Анализата на Forester Research од август покажува дека оваа индустрија може да загуби близу 180 милијарди долари до 2016та година токму поради шпионажа. Уште во Јануари  Yahoo се погрижи за криптирањето на податоците на сите свои корисници со 2048 битови клучеви. Тоа е еден од нај силните алгоритми за зачувување на информацијата и е два пати по силен од претходните.  Facebook и Google работат во истата насока. Според националниот институт за стандарди во технологијата во САД 2048 битовите криптирања нема да можат да бидат разбиени барем до 2030та година. Игра на мачка и глувци И покрај тоа останува опасноста дека компаниите можеби нема да ја издржат уште многу долго играта на мачка и глушец со агенцијата имајки в предвид дека тоа е една од најмоќните и најдобро финансирани разузнавачки институции во светот. На 31ви октомври тие објавија дека ги собираат сите податоци поврзани со надворешното разузнавање независно доставувачот. Освен тоа агенцијата може да користи хакерски напади за да ги добие клучевите за заштита или да ги принуди законски компаниите да ги предадат. Еден од големите проблеми според експертите за мрежна безбедност е тоа што комапниите како  Google, имаат пробив во безбедноста, тие ги отвараат податоците за да можат да прават анализа на корисничките податоци за рекламни цели. Едно од нештата кое компаниите можат да го направата е лобирањето во Конгресот за да се промени законот за ограничување на дејноста на агенцијата. Други пак сметаат дека во случајов не станува збор за технолошки туку за политички проблем. К. К.      

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии