ДАЛИ ХАМАС СЕ ИСПЛАШИ ОД ЗАКАНИТЕ НА ТРАМП? Се согласи да ги ослободи сите израелски заложници
Објавено во: Свет 04 Октомври, 2025 14:07
Палестинското радикално движење Хамас синоќа соопшти дека ќе ги ослободи и предаде сите израелски заложници - и живите и мртви - во согласност со предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Хамас, исто така, ја потврди својата подготвеност веднаш да започне преговори преку медијатори за деталите од договорот.
Палестинската организација, исто така, изразува и подготвеност да се откаже од контролата врз Појасот Газа и да ја предаде администрацијата на политички независно палестинско тело, се посочува во соопштението.
Хамас смета дека оние аспекти од предлогот што се однесуваат на иднината на Појасот Газа и правата на Палестинците треба да се одлучат врз основа на „едногласен палестински став“ постигнат со други фракции и врз основа на меѓународното право.
Во соопштението не се споменува разоружувањето на Хамас, клучно израелско барање вклучено во предлогот на Трамп.
Соопштението дојде неколку часа откако Трамп му даде ултиматум на Хамас: или да се согласи на договор до недела на полноќ или да се соочи со уште моќен воен напад.
Одговорот на Хамас веќе е доставен до Белата куќа.
Фото:МИА
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




