Дали Хрватска ќе биде следната Грција?
Објавено во: Балкан, Економија 22 Јуни, 2015 12:36
Последната држава, која стана членка на ЕУ, Хрватска, исто така и предизвикува сериозни проблеми на Европската унија, пишува виенскиот весник „круни цајтунг“.
Весникот наведува дека милион Австријци секоја година одмараат на брегот на Хрватска, како и дека Австрија е најголемиот странски инвеститор во оваа балканска држава. Според изданието невработеноста во Хрватска достигнало до 20%, а во земјата се врши масовно предвремено пензионирање, со цел намалување на процентот на невработеноста.
Долгот на Хрватска изнесува 90 отсто од БДП, а бркотницата и правдата се пекол за инвеститорите, посочува уште весникот.
Хрватска има големи даноци и трошоци за живот. Економијата на земјата веќе шест години се наоѓа во рецесија.
Загриженоста на Европската комисија е оправдана, пишува весникот, додавајќи дека неопходните реформи не можат да се очекуваат од сегашната влада, бидејќи најдоцна во јануари ќе се одржат нови парламентарни избори.
При посетата во Виена хрватскиот претседател Колинда Грабар истакнала дека е оптимист и не верува во грчкото сценарио дека ќе ја снајде нејзината земјата .
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




