Дали хрватскиот министер за земјоделство ќе биде првата жртва на скандалот со млекото?
Објавено во: Агробизнис
23 Февруари, 2013 17:15
Добивај вести на Viber
Поради скандалот со млекото и одлуката на некои производители да го суспендираат купувањето на млеко од индивидуалните земјоделски стопанства, Хрватската селанска федерација испрати отворено писмо до министерот за земјоделство Тихомир Јаковина.
Го повика да даде оставка на функцијата министер и на тој начин да го спаси спаси хрватското село.
Од министерот бараат веднаш да ги преземе сите неопходни мерки за сточари наскоро повторно да го продаваат своето млеко, во кое, велат хрватските селани, потрошувачите се уште веруваат.
Од утрото млекорпоизводителите на источна Славонија протестираа, како одговор на Дукат, која престана да купува млеко од 180 фарми во источна Славонија.
- На поединци не треба да им биде дозволено да прават што сакаат, ова е само уништување на хрватското производство. Тоа треба да се сопре. На 4 март веројатно ќе излеземе со масовни протести. Тоа ќе биде резултат на широко незадоволство, велат некои од оние што излегоа на протести.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?