19 Мај, 2024
0.0263

Дали Илир Мета ќе поддржи промена на граници?

Објавено во: Балкан 26 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Предлогот за промена на границите меѓу Косово и Србија троши многу енергија за погрешни цели.

Ова е ставот на албанскиот претседател Илир Мета.  Тој додава  дека дијалогот меѓу Косово и Србија, со посредство на ЕУ, влегува во својата завршна фаза.

„Според моето мислење, треба само заеднички американски и еворпски напори за да се донесе до крајот оваа работа која се уште не е завршена, или оваа важна фаза на консолидација на Балканот. Последниот предлог за нова дебата околу тоа што треба да содржи конечниот договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, троши многу енергија за погрешни цели. Тој ниту го консолидира ниту го смирува Балканот“,  вели Мета.

Според Мета оваа дебата се развива со жесток провокативен јазик.

„Видовме во последниве неколку недели, политичка реторика се одвива со жесток провокативен јазик, воскреснувајќи ја „носталгија“ на страотниот режим на геноцид. Не може да има поголема директна закана од оваа за нашата безбедност“, вели Мета.

Тој уште од почетокот се изјасни против оваа идеја, оценувајќи дека тоа носи нови конфликти и дека на Балканот доста му е од крвополевања.

Оваа идеја ја разгледуваат косовски и српски политичари. 

Со таа корекција на граници Прешево, Медвеѓа и Бујановац, Косово сака да ги спои со својата територија, а Србија да го земе северот на Косово населен со Срби. 

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс