20 Декември, 2025
0.0750

Дали имаме план Б во случај на нафтена криза и зошто не го користиме нафтоводот Вардакс Солун?

Од Хеленик Петролеум велат дека чекаат на зелено светло од Владата да го стават нафтоводот во функција, а од Министерствата не знаат каде е застојот

Објавено во: Мои пари 13 Јануари, 2017 12:59

Добивај вести на Viber

Неколку дена, откако регионот беше зафатен со поларни температури, на граничниот премин Евзони, останаа заглавени околу 70 товарни возила меѓу кои и голем број цистерни со гориво. Како резултат на тоа Македонија се наоѓаше на работ на нафтена криза, со оглед на зголемената потреба, а прекинатото снабдување со нафта.

Алтернатива во вакви услови како и за уште полошо сценарио е нафтоводот, која што го имаме но не го користиме. Транспортот на нафта во нафтовод е подобро решение и во нормални услови, а во вонредни е дури и неопходно.

Нафтоводот Скопје Солун не функционира, иако цевководот е исчистен и е целосно подготвен да биде ставен во употреба. Тоа беше и услов за да се добие дозвола за работа, но Министерсво за економија се уште не ја издава потребната лиценца.

Од седиштето на Хеленик Петролеум во Атина изјавуваат:

„Нафтоводот Вардакс Солун – ОКТА е подготвен да биде ставен во функција веќе неколку месеци. Нафтоводот е исчистен од остатоците од суровата нафта и е подготвен за трансфер на дизел гориво. Се уште е во тек процесот за добивање лиценца, којшто беше одложен заради техничките детали што може да се решат. Хеленик Петролеум наведува дека трансферот на горива преку нафтоводот гарантира непречено снабдување, квалитет и количина на пренесените производи, независно од условите на патот“.

Сепак застој постои и едноставното решение за нафтена криза е тука но не го користиме. Каде е застојот и зошто нафтоводот не рабати?

„Делегацијата предводена од Главниот извршен директор, г-дин Григорис Стергиулис, во текот на 2016 година двапати се сретна со надлежните органи, но не е постигнат забележителен напредок. Од страна на Хеленик Петролеум, ние исто така, наведуваме дека сме подготвени да ги продолжиме разговорите со Владата, со цел да се реши ова прашање, да се најде решение и нафтоводот да се стави повторно во употреба“, додаваат од Хеленик Петролеум.

Во меѓувреме и во период кога на Македонија и се заканува нафтена криза, поларните температури се уште траат а најавени се и уште снежни врнежи, локалните власти без конкретен одговор каде е застојот и кој треба да даде дозвола за нафтоводот да почне да работи.

Министерството за Економија вели дека решенито го издава Државниот инспекторат за техничка за инспекција. Од таму пак велат дека од нив не е побарано да издадат решение, но и тука се несигурни, можеби сепак постои барање за да се издаде решение.

Нафтоводот Вардакс Солун – ОКТА прекина со работа во 2013 година, кога ОКТА престана да работи како рафинерија. Во меѓувреме компанија го пренамени постоечкиот нафтовод на сурова нафта во продуктовод со цел пренос на дизел гориво директно до рафинеријата. Оваа акција на пренамена, чистење и проверка на постројките и уредите беше комплетирана во летото и сега чека да биде пуштен во употреба. Компанија ОКТА  денесе клучен увознинк на гориво кој снабдува дури 70% од потребите во земјава.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии