20 Декември, 2025
0.0415

Дали кај младите во Македонија постои страв од брак?

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2025 07:24

Добивај вести на Viber

Психолозите велат дека во одредена мера кај младите во земјава постои страв од брак, затоа што се плашат од неизвесност, дали ќе имаат доволно финансии, дали ќе одговорат на сите обврски кои ги носи заедничкото живеење.

Објаснуваат дека неизвесноста е еден голем товар за сите, не само за младите. Додаваат дека многу млади имаат планови да се иселат од Македонија и да основаат семејство во некоја друга земја, што е поразително за нашата држава. Долга е листата на работи кои треба да се направат за Македонија да биде убаво место за живеење. Пред сѐ, на младите им требаат повеќе пари за да планираат создавање на семејство.

„Кај младите, зависи, мислам дека има страв од брак. Прво, најголема улога имаат финансиите. Има држави каде неженетите плаќаат данок, ама тие се многу понапредни од нас. За социјализацијата во денешно време, младите размислуваат да одат настрана, не сакаат да бидат тука, сакаат да избегаат. Сакаат да формираат семејство, но во некое поуредено општество. Има случаеви кога младите заминуваат и во соседна Бугарија, земаат стан во Софија, работат и живеат таму. Сега некои млади имаат поинакви сфаќања, не се венчаваат, живеат во вонбрачна заедница. Не секаде, но има случаеви кога жената нема свое јас и има ограничувања во бракот. Потребни се подобри услови и подобри меѓучовечки односи, секој да има работа за еден нормален живот, да не зависи никој од никого, да отидат на одмор, да створат свој дом, да имаат финансии барем за нормален живот. Ако се подобрат тие услови, да има работа за младите, ќе има и повеќе бракови“, изјави Цветанка Петровска-Тодоровска, психотерапевт од Делчево.

Во Македонија има и многу дисфукционални семејства и сето тоа создава лош впечаток кај младите.  Потребно е подобрување на комуникацијата меѓу луѓето и мирно решавање на сите конфликти.

„Постои страв од тоа што може да се случи во брак, од обврските и од тоа дали ќе се снајдат. Имаме прекрасни бракови, баш од лицата кои потекнуваат од дисфункционални семејства, искусиле и знаат што е лошо. Нормално дека неизвесноста нѐ плаши сите. Зависи од личноста, ако некој има финансии, тие не се проблем, зависи од ситуацијата, од поставеноста на работите околу нив. Во нашиот град сигурно дека има дисфункционални семејства, и јас можам да зборувам за мојот град, а за цела Македонија не знам. Немањето на финансии ги тишти луѓето, тоа создава социјален проблем, не психолошки“, вели психијатар од Куманово.

Но, младите денес бараат стабилност,  размислуваат за повисок степен на едукација, наоѓање на солидна работа, па дури потоа за склучување на брак.

„Наш таргет се средношколците. Реално ако зборуваме, голем процент не се гледаат тука, се гледаат во странство. Во разговор со нив, тие што сакаат да се запишат на факултет, често ја бираат Словенија. Дека младите денес имаат повеќе можности, да имаат, тие истражуваат на интернет, да отидат некаде и да работат, имаат такви амбиции. Препоставувам дека тие млади сакаат подобар живот од нивните родители, иако не сме направиле некое истражување. Ако за размена бараме 4 млади, ни се јавуваат 40, значи тоа е показател дека бараат можности. Границата е поместена, не се очекува по средно школо некој да се ожени и омажи, одат на принцип да се дообразуваат, да најдат стабилна работа, па тогаш да основаат семејство“, вели Катерина Димовска од невладината Креатор од Куманово.

Власта неодамна укажа дека Македонија е во сериозна демографска криза, па дури и споменаа опција да воведат данок за немажените и неженетите, по што имаше бурни реакции и кажаа дека само сакале да поттикнат дебата.

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), бројот на склучените бракови во последното тримесечје од 2024 годината е намален за 14.7 отсто во споредба со истиот период од 2023 година и изнесува 2 430 бракови. Во ова тримесечје од 2024 година е регистриран 601 разведен брак, што претставува зголемување од 23.9 отсто во споредба со истиот период од 2023 година.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки