ДАЛИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ГИ ЗАБОРАВИ УЧИЛИШТАТА ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ? Наставата сè уште е онлајн
Објавено во: Македонија 27 Април, 2022 07:47
Согласно
анализите за епидемиолошката состојба во Македонија, во изминатиов период
Комисијата за заразни болести препорача олеснување на низа мерки кои беа
воведени со цел спречување на ширењето на корона вирусот, а на седници на
Владата, една по една мерките беа укинати. Најголема радост, секако донесе
одлуката за укинување на мерката, носење заштитни маски во затворени простории.
Во моментов, поради штрајкот на СОНК, децата не одат на училиште, но доколку
наставата би се одвивала, тие повеќе не мора да носат маски. Мерката е укината
и за основните и за средните училишта, иако не се однесува на наставниот кадар
и останатите вработени во училиштата. За нив носењето маска е се уште
задолжително.
Но, ваквите олеснувања не ги опфатија училиштата за странски јазици. Родителите сметаат дека тие како да се заборавени од страна на здравствените власти. Наставата се одвива онлајн, бидејќи антиковид мерките за нив се уште важат.
-Комисијата за заразни болести препорача укинување на огромен број антиковид мерки. Максите не се задолжителни, сертификати за вакцинација, за прележан ковид, не мора да се покажуваат, дури препорака имаше и за враќање на трудниците на работните места. Тогаш која е логиката децата се уште да бидат на онлајн настава при изучување на странски јазик. Мојата ќерка учи и англиски и германски, четири пати во неделата има часови. Наместо да излезе и да оди во училиштето, седнува на компјутер. Разликата е огромна, но најмногу се одразува на квалитетот на наставата. Вака многу помалку учи, не дека наставникот од другата страна не предава како што треба, туку многу помал е ангажманот на ученикот. Иако сега е веќе крајот на школската година, би било добро Комисијата за заразни болести да не ги заборави училиштата за странски јазици. Во разговор со други родители, некои држат комбинирана настава, но редно е целосно да ги отворат, посочува Сандра Ј. родител на осмоодделенка од Скопје.
Фактор поразговара и со неколку приватни училишта за странски јазици. Оттаму посочуваат дека во последниот период, откако е добро стабилизирана епидемиолошката состојба, почнале да организираат и хибридна настава, но велат дека протоколите кои се воведени уште на почетокот на пандемијата, се уште се на сила.
-Додека не донесат одлука здравствените власти за укинување на протоколите, наставата ќе се одвива онлајн. Со подобровање на состојбата, особено последниот период кога гледаме значително намалување на бројот на новозаразени лица, одлучивме да направиме комбинирана настава, што значи дека дел се онлајн, а дел доаѓаат во училиштето. Искрено се надеваме дека ние ќе бидеме следни за кои ќе се разговара од аспект на укинување на мерките, велат од неколку скопски училишта за странски јазици.
Инаку, денеска Комисијата за заразни болести има редовен состанок, на кој, како што изјави портпаролот, д-р Злате Мехмедовиќ има можност за промена на одредени мерки
-Комисијата за заразни болести денеска има состано. Ќе дискутираме за епидемиолошката состојба и за можноста за промена на одредени антиковид мерки. Сè уште постојат повеќе протоколи во кои се предвидени рестриктивни мерки, а Комисијата ќе ги разгледува можностите за укинување на таквите превентивни мерки. Секако, тоа ќе го правиме внимателно и постепено со цел да не ја влоѓиме епидемиолошката состојба, вели д-р Мехмедовиќ во изјавата за Фактор.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




