Дали Курти ќе прифати Заедница на српски општини?

Објавено во: Балкан 08 Јуни, 2023
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека може да го прошири нацртот на својата визија за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство. Сепак, прво мора да се согласат сите партии за тоа.
Курти не ја споменува Унијата на општините со српско мнозинство, туку обезбедувањето одредено ниво на самоуправување на Србите во Косово, како што е предвидено во Договорот за нормализација на односите врз основа на предлогот на ЕУ.
Неколку меѓународни дипломати, како и претставникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, потврдија дека „самоуправувањето“ се однесува на Заедницата.
Во нацртот на визијата на Курти за формирање на Заедницата, меѓу другото пишува дека „припадниците на српската заедница на Косово имаат можност преку самоуправување да ги промовираат и штитат сопствените интереси“.
Оваа визија предвидува соработка со косовските институции како и „целосно прифаќање на уставните карактеристики“ на Косово со почитување на независноста и територијалниот интегритет.
Косовскиот премиер изјави дека не го прифаќа статутот што го изготви Менаџерскиот тим, составен од четворица српски членови, бидејќи тој е „имитација на Република Српска во Босна и Херцеговина“.
САД и ЕУ бараат Косово да им попушти на Србите или ќе има последици.
Можеби ќе ве интересира
ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СЛУЧАЈОТ „РИБНИКАР“: Две вештачења се клучни, а Коста дивее во болницата, сака да излезе надвор

ВОЗАЧОТ НА „АВТОБУСОТ НА СМРТТА“ ОД ЦРНА ГОРА ТЕЛЕФОНИРАЛ И БРОЕЛ ПАРИ?! Сослушаните патници дале контрадикторни изјави, тој се пожалил дека изгубил свест!

„НИ АМЕРИКАНЦИТЕ, НИ РУСИТЕ НЕМА ДА МИ КАЖАТ ШТО ДА ПРАВАМ“: Вучиќ без пардон на Генералното Собрание на ОН во Њујорк

ЖРТВИ ИМ БИЛЕ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3 ДО 14 ГОДИНИ: Во Србија е уапсена група педофили

Косовските власти уапсија тројца Срби од Звечан и Северна Митровица

Бугарскиот амбасадор во Албанија дели таблети и телефони на Македонците за да се попишат како Бугари

Свечља се закани дека ќе го уапсат Вучиќ ако дојде во Грачаница без дозвола

ЕВЕ КОИ СЕ НАЈПЛАТЕНИТЕ РАБОТНИ МЕСТА ВО СРБИЈА: Од речиси 3 милиони работници, ИТ и занаетчиите во предност
