Дали Русија формира „Лига на словенски земји“ без Македонија!?!
Објавено во: Анализа 02 Февруари, 2013 08:30
„Единствената преостаната компонента на глобалната руска моќ - енергијата, во целост го одредува и профилот на најзиниот надворешен настап. На пример, проектот Јужен Поток нема за цел да ре-позиционира некоја од балканските држави во руската сфера на интерес, туку да го поткопа европскиот проект Набуко како можна алтернатива на руските енергетски коридори кон Европа. Евентуалниот влез во грчката гасна компанија, исто така, нема политичка конотација, како што беше и при влезот на Кинезите во еден дел од пристаништето во Пиреја пред три години. Можноста од руски влез во Хрватска апсолутно не може да го сврти Загреб кон истокот, затоа што е веќе сигурен член на западот“, вели Пендаровски и додава дека Русија единствено со купувањето на НИС во Србија ја "наплати" својата поддршка за Косово во Советот за безбедност на ОН, но, експертите велат дека Москва со тоа не сака да направи од Србија нова руска провинција, туку преку Косово да ја задржи глобалната релевантност, објаснува Пендаровски.
„Патем, во ЕУ денес најзависни од рускиот гас се Германија и Италија, но никој не ги обвинува Берлин и Рим за политичко свртување кон истокот.
Од аспект на енергијата и инвестициите Македонија е небитен пазар за Русија, што не значи дека треба да сме пасивни. Напротив, Гаспром е единствената опција за гасификација на Македонија“, вели за Фактор, Пендаровски.
Мирче Адамчевски: Путин промовираше нова политика за Балканот
Во својата колумна објавена во Фактор, поранешниот дописник од Москва за Македонија, Мирче Адамчевски истакна дека Русија доследно ја спроведува политиката, промовирана од претседателот Владимир Путин во неговиот прв мандат, во поглед на Балканот. Култура и економија. Владимир Путин кога прв пат дојде на власт беше помирен со фактот дека Русија ја изгуби политичката битка за Балканот и ја промовираше својата нова политика. Резултатите од неа се гледаат денес. Во сите земји има некоја форма на руски културни домови, а Словенија е и претседавач на асоцијалцијата на славјанските земји, напиша Адамчевски.
„Нашата земја со години се прави како да не гледа каде одат работите. Поточно, каде отидоа. Извоз во Русија од неколку десетина милиони долари е катастрофа, наспроти увоз од стотици милиони долари. Изминатиот период е полно со пропуштени можностиод наша страна. Во меѓувреме руски капитал влезе во земјава во енергетиката, металургијата и рударствто(Лукоил, ТЕ-ТО, Топилницата во Скопје, Југохром и САСА). Нашите политичари наместо да учат од Словенија, се криеја пред руските иницијативи и сметаа дека ништо страшно не се случува. Кога видоа дека работите не одат во посакувана насока почнаа нешто да работат..Но еве и сега не се знае дали се оперативни средствата од клириншкиот долг на Русија кон Македонија. Колку и дали е нешто искористено од нив. Гасификацијата малку тргна напред и гасоводот почна да повлекува повеќе гас, но се уште е далеку максималниот капацитет, а со тоа и намалувањето на цените“, напиша меѓудругото во колумната за Фактор, Мирче Адамчевски, поранешен дописник од Москва за Македонија.
Руски поход во Грција
Двете необврзувачки понуди од Русите на тендерот за приватизација на националната гасна компанија Депа и за националниот оператор со гас Десфа, ги покажуваа намерите на Русија да ја прикаже Грција како нов партнер во Југоисточна Европа. За двете компании заедно се предвидуваат 2,7 милијарди евра, што е показател за силниот интерес од страна на Москва, пишуваше грчкиот весник „Етнос“.
Геополитичкиот интерес на Русите се покажува преку учеството во процедурата за приватизација на сериозни руски компании. Тие се враќаат шест години по првата рака на соработка, дополнета со меѓудржавно разбирање за изградба на нафтоводот Бургас-Александропулос, и по меморандумот за гасоводот Јужен поток – јужниот коридор за транспортирање на гас (Бугарија-Грција-Италија). На крајот, овие проекти не постигнаа успех заради погрешните дејствувања на претходните влади, анализира весникот кој открива дека освен во учеството во приватизацијата на Депа и Десфа, Русите покажуваат интерес и за железничката компанија Траиносе – компанија ќерка на грчкиот национален железнички превозник Осе.
САД и Европа во паника
Грчки Етнос уште пишува дека патот на приватизацијата на двете грчки компании не е послан со рози. Наскоро, Вашингтон и Европската Комисија ќе побрзаат да ја покажат нервозата од предноста кои ја имаат руските компании на тендерот.
„Грција треба да го усогласи сопственото законодавство со она на Европската унија. За тоа се договоривме сите држави, да има различни страни за задоволување на енергетските потреби, за земјата да не се доведе во позиција на заложништво“, изјави пред неколку дена Викторија Њуланд, портпарол во Стејт департментот.
Со создава славјанска унија како пандан на ЕУ
Можно е создавање на славјанска унија во која би членувале Русија, Белорусија, Украина, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Лужатија, Бугарија, Црна Гора, Полска, Чешка и Словачка. Така би се основала "Лига на Словенските Земји". Според Игор Мураџан, аналитичар во ерменскиот весник "Еркрамас", од оваа пролет се прават обиди да се најде заеднички јазик меѓу Србија и Бугарија и да се поврзат нивните заеднички интереси. На тие состаноци меѓу другото се разговарало и за унија меѓу Србија, Бугарија и Грција, во која подоцна би се придружиле Македонија, Црна Гора и Кипар. Мураџан додава дека на оваа унија можно е да и се придружат Хрватска и Словенија. Македонските и Бугарските министри наводно веќе примиле предлозите да се приклучат во работата во сите сфери. Слични обиди се прават и меѓу другите земји во регионот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





