Дали македонските куќи и станови ќе бидат интересни за странците?
Објавено во: Економија 11 Декември, 2012 08:17
“Лошо е што кај нас законот за либерализација на пазарот на недвижности се донесе откога веќе секаде во регионот беше донесен. Таква регулатива ни требаше уште кога се војуваше во регионот а не кога странскиот капитал веќе влезе во Црна Гора, Бугарија и сл. Лично јас преку мојата агенција имам само една куќа продадено на странец и толку. Се друго е мешан брак и печалбари и тоа е многу логично оти зошто некој странец да купи куќа или стан до Охрид кога нема автопат до градот. Доволно е еден снег да падне и отсечени сме целосно “, вели Венко Наумоски од агенцијата за недвижности Можности од Охрид.
Никој официјално не води евиденција колкав процент недвижности поседуваат странците во земјава. Според пресметките на агенциите за недвижности, едвај 1% од куќите и становите се во сопственост на странски државјани. Најавувајќи ја либерализацијата на пазарот на недвижности пред речиси пет години, министерот за финансии, Зоран Ставрески, изјави дека очекува поголем девизен прилив во градежништвото и во туризмот. Тогаш се најавуваше и интернет- портал, на кој ќе се најдат сите атрактивни локации и објекти ,како и напуштени објекти, каков што веќе постои во Хрватска. Но, либерализацијата и низата законски измени во градежништвото предизвикаа интерес кај странците единствено за купување земјиште со цел да инвестираат во изградба на трговски центри и хотели, но и во станбени комплекси.
Странците добија дозвола да купуваат имот во земјава уште во 2008 година
Со донесувањето на одлуката во 2008 година Македонија стана трета земја од Балканот, по Бугарија и Црна Гора, која го либерализира пазарот на недвижности за земјите- членки на Европската унија. Словенија, Унгарија, Полска, Словачка и Чешка тоа го направија пред неколку години.
Руси и Англичани најбројни во Црна Гора и Бугарија
Од земјите во регионот, во Црна Гора имот најмногу купуваат инвеститори од Норвешка, Австрија, Русија и од Словенија.
Бугарија пак, во првите години од либерализацијата на пазарот на недвижности привлече повеќе од 300 милиони евра од тоа што странци купуваа недвижности. Најчести купувачи таму се Британците, државјани на Луксембург и на САД.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата






