Добивај вести на Viber
Скандалот со афлатоксиниот во дел од увозните млека полека стивнува, но допрва доаѓаат последиците во млечниот бизнис, кои најмногу ќе ги почуствуваат потрошувачите.
Дел од српките млечни компании веќе најавија корекции на цените на млекото и млечните производи. Први со најава за повисоки цени на млекото вчера излегоа од групацијата „Danube Foods Group“. Првиот човек на компанијата Слободан Петровиќ, изјави дека аферата со афлатоксинот лошо влијаела врз целокупното производство, трошоците се зголемиле а извозот се намалил, поради што неизбежно ќе биде зголемувањето на цените на нивните производи. Упатените во млечниот бизнис во земјава, велат дека доколку во Србија се зголемат цените, дел од српските млека што доаѓаат во земјава, ќе бидат со драстично повисока цена од сегашната.
Но од друга страна, македонските бизнисмени потсетуваат дека Србија која додека траеше аферата со афлатоксинот ја зголеми границата за дозволено присуство на овој токсин на 0,5 микрограми, сега додека не ги врати европските стандарди од 0,05 микрограми, не може да извезува во Македонија. Според бизнисмените од млечната индустрија, ситуацијата на дел од српските млекарници е толку тешка, што дури и со зголемувањето на цените на млекото и млечните производи, нема брзо да се опорават од финансискиот шок.
Сепак дел од македонскиот млекопроизводители смируваат и велат дека токму поради ваквите случувања, можно е увозните млека да бидат со пониска цена.
-Куповната моќ е намалена, и надвор од секоја логика е да се зголемуваат цените, а тоа сметам дека го имаат во предвид и извозниците. Доколку ја зголемат цената тогаш ќе биде полошо за нив, производите нема да им се продаваат, и токму затоа мислам нема да има корекции на цените на увозните млека- вели Јован Дабевски, директор на млекарницата “Здравје Радово”
Од хрватската компанија “Дукат”, велат дека цените на нивните производи засега нема да се зголемуваат.
Македонското млеко и млечни производи остануваат со иста цена
За среќа резултатите од контролите на Агенцијата за храна и ветеринарство покажаа дека во македонските млека и млечни производи нема зголемено присуство на афлатоксинот М1. Но нашето млекопроизводство години наназад се соочува со друг проблем-недостиг на сурово млеко. Сега кога има и намалена лактација, на терен млеко нема ни за лек. Дополнително недостигот од сурово млеко е поизразен последниов период, откако дел од српското и хрватското млеко со зголемено присуство на афлатоксин се повлекоа од продажба, па потрошувачите кои порано ги користеа овие млека, сега се преоринтираа исклучиво кон македонските млека. Тоа ги натера и македонските откупувачи на терен да бараат литар повеќе домашно сурово млеко.
Според фармерите лошата состојба во млекопроизводство, доведе до намалување на добиточниот фонд, а со тоа и на количините од сурово млеко. Голем удар за нив минатата година беше недостигот и скапата добиточна храна, поради што дел од сточарите финансиски исцрпени беа принудени кравите да ги продваат или да ги колат. Сточарите потврдуваат дека побарувачката е зголема, а зголемен недостиг се јавил бидејќи нема баланс во откупот и продажбата.
- Секој ден се бара повеќе млеко за откуп, но нема. Од друга страна цената останува иста. Нас од 32 до 33 денари за килограм не чини добиточната храна, а млекото се откупува од 13 до 17 денари за литар. Основните трошоци не можеме да ги покриеме. Поголемите фарми веќе ги распродаваат кравите. Една од најголемите фарми бројот на кравите од 800 го намали на 300. Од институциите велат дека лани најмалку сме увезле пченка, да тоа е добро бидејќи обично увезуваме големи количини од Србија, а минатата година голем дел од српската пченка беше со афлатоксин, па бидејќи не сме увезле многу а и тоа што влегло било безбедно, ние и без анализите знавеме дека нашето млеко е безбедно.Но од друга страна тоа е еден друг лош показател, дека Македонија нема добиток за кој би увезувала пченка, зошто би увезувале големи количини кога нема кој да ја јаде-
вели Вујадин Жигич, производител на млеко од скопско
Сепак големите млекопроизводители смируваат, дека ваквата состојба со недостигот од сурово млеко нема да доведе до поскапување на финалниот производ, пастеризирано млеко и млечните производи.
-Точно е дека има недостиг од сурово млеко, но Македонија секогаш имала недостиг, матичното производство на сурово млеко од секогаш било помало во однос на побарувачката, и секогашп сме биле увозно зависни. Факт е дека недостасуваат количини, но факт е дека ние и во тие услови од година во година растевме за над 20 отсто со дневниот односно годишниот откуп на млеко. Секако дека и ние не сме имуни на состојбата, сакавме 50 отсто да пораснеме во откупените количини, но продажбата не го трпеше тоа, и пораснавме 20 отсто. Да имаше повеќе млеко ќе беше поевтино, ние ќе работевме попрофитабилно. Но повторно ќе кажам, и за домашните производи, поради намалената куповна моќ, не планираме зголемување на цените на млекото и млечните производи-објаснува Дабевски
Намален откупот на кравјо млеко
Последните три години драстично е намален откупот на кравјото млеко во земјава. На терен одамна се чувствува недостигот од сурово млеко.
Поразителни се бројките на Агенцијата за храна и ветеринарство, според кои само пред три години откупот на свежо кравјо млеко изнесувал 116 милиони литри млеко, веќе следната 2010 година е намален на 115 милиони литри, 108 милиони литри кравјо млеко се откупени во 2011 година, а лани заклучно со 22 ноември се откупиле само 32 милиони литри кравјо млеко. официјалните бројки за откуп на млеко, како фамерите ќе одговорат на побарувачката за откуп. Во период кога се најавуваат нови инвестиции во млечниот бизнис, Македонија се соочува со недостиг на сурово млеко. За неколку месеци со работа треба да почне и турската млекарница “Суташ”. Засега никој нема одговор, со оглед на официјалните бројки за откуп на млеко, како фамерите ќе одговорат на побарувачката за откуп.
Ј.С
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.